Продолжува превентивната систематска дезинсекција во Општина Битола

Продолжува превентивната систематска дезинсекција во Општина Битола и околните општини кои ги покрива ЈЗУ ЦЈЗ Битола за контрола и уништување на комарците како вектори на заразни заболувања.

Од 08.07.2019 година, Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, програмите и одлуките на Советите на Општините Битола, Новаци, Могила, Ресен и Демир Хисар за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на нивните територии како општа противепидемијска мерка за контрола и превенција на болести кои ги пренесуваат комарците, продолжуваат активностите на терен во реализација на Втората фаза од ларвицидната и адултицидна дезинсекција. Екипите на отсекот за дезинфекција, дезинсекција и дератизација при ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола во периодот од 08.07.2019 до 12.07.2019 година ќе ја реализира втората фаза од ларвицидната и адултицидна дезинсекција на Општина Битола по што ќе следат, согласно оперативните планови и програми и дезинсекции во Општините од регионот.

Активностите кои ги отпочнавме во месец Јуни ќе продолжат и во месеците Јули, Август и Септември, кога во Битола и општините од регионот ќе се реализираат програмите за превентивна дезинсекција во три фази, согласно предвидената динамика а во Општината Битола ќе биде спроведена и четврта фаза на дезинсекцијата.

[columns] [span4]

[pullquote align=left]

Продолжува превентивната систематска дезинсекција во Општина Битола и околните општини кои ги покрива ЈЗУ ЦЈЗ Битола за контрола и уништување на комарците како вектори на заразни заболувања.

[/pullquote]
[/span4][span8]

11865075_10153560665638988_3757435058283055747_o (1)

[/span8][/columns]

 

ЛАРВИЦИДНАТАтеристичката дезинсекција со цел уништување на ларвените облици на комарците од типовите Aedes I Culex (во 2 и 3 ларвен стадиум), се изведува со високо селективен биолошки инсектицид BIOPREN 50 ЛМЛ (S-Methopren) во гранулирана и течна состојба а АДУЛТИЦИДНАТА теристичка дезинсекција се спроведува со биоцидот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN. Запрашувањето се спроведува со професионална апаратура, генератор за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.

Прочитајте повеќе за потребата од спроведување на превентивна систематска дезинсекција и Епидемиологија на вектор-преносливите заболувања во Македонија и регионот

 

 

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *