Работилница за заедничка проценка на ризик (Joint Risk Assessment -JRA), фокусирана на зоонозни болести
Во периодот од 21 до 23 мај 2025 година беше одржана тридневната работилница за заедничка проценка на ризик (Joint Risk Assessment -JRA), фокусирана на зоонозни болести.
Работилницата, организирана со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО) и клучните партнери, обедини 25 национални експерти од секторите јавно здравје, ветеринарство, заштита на животна средина и безбедност на храна меѓу кои и д-р Светлана Поповска Кљусева специјалист епидемиолог и ВД директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола.
Предводена од експерти од СЗО/Европа, Канцеларијата на СЗО во земјата и од координаторот за здравствени итни состојби на СЗО за Балканскиот хаб, работилницата овозможи практична обука за користење на JRA алатката, динамични дискусии и сесии за заедничко решавање на проблеми.
Со поттикнување на меѓусекторска соработка, оваа иницијатива го зацврстува заедничкиот стремеж кон поздраво и побезбедно утре за сите.