Светска недела на доење 1-7 август

Светската недела на доење претставува глобална кампања за подигање на свеста и поттикнување активности на теми поврзани со доењето.

Светската алијанса за доење (WABA ),оваа година ja одбележува под мотото: ДА ГООВОЗМОЖЕМЕ ДОЕЊЕТО! Да им помогнеме на вработените родители!

Одбележувањето на Светската недела на доење започна со во 1992 година, со годишни теми, вклучувајќи ги и здравствените системи, изработка на меѓународен кодекс за маркетинг за адаптирано млеко, поддршка од заедницата, екологија, економија, наука и образование како и човекови права. Од 2016 година Светската недела на доење е усогласена со Целите за одржлив развој (SDG). Во 2018 година резолуцијата на Светското здравствено собрание ја одобри светската недела на доење како важна стратегија за промовирање на доењето.                                       

Доење е камен-темелник на преживувањето на доенчето и здравјето на детето бидејќи обезбедува суштински, незаменлив начин на исхрана за раст и развој на детето. Како прва имунизација на детето – обезбедување заштита од респираторни инфекции, дијареални заболувања и други потенцијални опасности по животот на детето. Доењето обезбедува витални здравствени и нутритивни придобивки за децата со позитивни доживотни влијанија, градење поздрава популација – и работна сила – за иднината.

Овогодинешниот фокус на Светската недела на доење ќе го прикаже влијанието на платеното отсуство, поддршката на работното место и новите родителски норми врз доењето, преку објективот на самите родители. Целнитегрупи, вклучително и владите, креаторите на политики, работните места, заедницата и родителите ќе бидат ангажирани да ја одиграат својата критична улога во зајакнувањето на семејствата и одржувањето на средината погодна за доење за време на работниот ангажман по пандемијата.

Пандемијата Ковид -19 негативно влијаеше на жените кои родија деца, а со тоа што го зголеми ризикот од невработеност и губење на работното место, потешкотии при егзистенција, а со тоа и попречување на пристапот до пренатална, постнатална и дополнителна поддршка и услуги за доење во здравствениот систем. Треба да ги земеме во предвид лекциите научени за време на пандемијата и да ги ажурираме политиките за социјална заштита на родителите.

Повеќе од половина милијарда вработени жени не добиваат суштинска заштита за мајчинството во националните закони. Само 20% од земјите ги задолжуваат работодавците да им обезбедат на вработените платени паузи и полесни услови за доење. Помалку од половина од доенчињата под 6 месеци во светот се ексклузивно доени.

Жените не треба да избираат помеѓу доењето на своето дете или одење на работа!

Предизвиците на работното место остануваат најчеста причина за жените никогаш да не дојат или да престанат порано од препорачаното.

На жените им треба соодветно време и поддршка за време на доењето.

Жените со помалку од 3 месеци породилно отсуство пријавиле пократко времетраење на доењето од оние жени со 3 или повеќе од 3 месеци на отсуство.

За да се каже дека едно работно место е пријателски настроено кон доењето, потребни се адекватни услови за доење.

Работодавците и менаџерите можат да овозможат успешното доење на работа преку:

• Обезбедување на породилно отсуство кое во најмала рака е во согласност и ги задоволува политиките на државата;

• Обезбедување на време и простор за доење или пак измолзување и складирање на мајчино млеко;

• Обезбедување опции кои го намалуваат одвојувањето на мајката од нејзиното бебе по породилното отсуство како што се:

                  o флексибилни работни распореди;

                  o работење од далечина;

                  o работа со скратено работно време. 

    Со таа цел Институт за јавно здравје Скопје издаде водич кој можете да го преземете од овдe. http://iph.mk/wp-content/uploads/2023/08/Vodic-za-doenje.pdf

                                                                                                                                                                                                   ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битолa