Меѓународниот ден на физичката активност „Движење за здравје“ – 10. 05 2023 год,

И оваа 2023година на 10 Мај, Центарот за јавно здравје Битола се вклучува во одбележување на Меѓународниот ден на физичката активност под слоганот „Движење за здравје“. Тоа се однесувa на умерена физичка активност, без разлика на содржината, местото и времето на изведување.

Меѓународниот ден на физичката активност се одбележува секоја година на 10 мај, почнувајќи од 2003 година, кога Светската здравствена организација започна глобална кампања со цел да ја подигне свеста на целата јавност за значењето и важноста на редовната физичка активност во превенцијата на болестите зачувување и подобрување на доброто здравје и благосостојба.

Главните цели на Меѓународниот ден на физичката активност се:

-Подигнување на нивото на свест за важноста на физичката активност во превенцијата од незаразни болести.

-Нагласување на бројните придобивки од спортувањето и посочување на позитивните ефекти од редовното вежбање.

-Поттикнување на населението ширум светот да се занимава со физичка активност во сите домени.

-Промовирање на здрав начин на живот и однесување преку спорт и физички активности.

-Физичката неактивност заедно со неправилната исхрана, новите технологии и урбанизацијата е важен фактор на ризик за развој на хронични незаразни болести, а кај училишните деца може да влијае и на неправилниот развој на телото и развој на деформитети.

Според препораките на Светската здравствена организација, потребно е да се издвојат најмалку:

Изборот на видот на активност (одење, пливање, трчање, вежби), неговата фреквенција и времетраење зависи и од возраста и полот, здравствената состојба, а особено во однос на состојбата на тренингот (состојбата).

Со оглед на тоа што движењето и извршувањето на секојдневните активности надвор од домот или работното место во претходниот период беше ограничено поради епидемијата на Ковид 19, се препорачува постепено да го зголемуваме времетраењето и интензитетот на физичката активност секој ден. Кога играте рекреативни спортови, важно е да одржувате растојание од најмалку два метри од другите. Затоа, се советува да изберете активност која ви овозможува да бидете физички активни во општеството, а во исто време да ја одржувате препорачаната физичка дистанца (возење велосипед, ролери, скејтборд, брзо одење, трчање, јога, тенис, бадминтон. . . )

Што е физичка активност?

Под физичката активност се подразбира секое телесно движење предизвикано од скелетните мускули со кое се троши енергија. Терминот  “физичка активност” не треба да се меша со “вежба”. Вежба, е поткатегорија  на физичка активност која се планира, и е структурирана, повторлива и намерна, а со цел да се подобри или одржи една или повеќе компоненти на физичката кондиција. Физичка активност вклучува вежбање, како и други активности кои вклучуваат телесно движење и се прави како дел од игра, работа, активен превоз, домашни и рекреативни активности. Редовната физичка активност со умерен интензитет – како што се одење, возење велосипед, или спортување  има значајно влијание врз здравјето. Редовното и соодветно ниво на физичка активност влијае на подобрување на мускулите и кардиореспираторното здравје, подобрување на коските и функционалното здравје, го намалува ризикот од хипертензија, коронарни срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес, разни видови на рак (вклучувајќи рак на дојка и рак на дебелото црево), и депресија, го намалува ризикот за посериозни повреди при паѓање, особено повреда на колк или скршеници на ‘рбетот, и е од фундаментално значење за енергетскиот биланс и контрола на тежината.

Придобивки од физичката активност – Зголемувањето  на физичката активност е општествен, а не само индивидуален проблем. Затоа, таа бара, мулти-секторски, мулти-дисциплинарен, и културно релевантен пристап. Физичката активност им помага на младите луѓе да развијат здрави мускулноскелетни ткива (на пример коските, мускулите и зглобовите), здрав кардиоваскуларен систем (т. е. срцето и белите дробови), координација и контрола на движење, одржување на здрава телесна тежина. Физичката активност влијае и на психолошката состојба кај младите луѓе, затоа што го намалува ризикот од анксиозност и депресија, помага во социјалниот развој затоа што дава можности за самоизразување, градење на самодоверба, социјална интеракција и интеграција, создава здрави навики како што се на пример, избегнување на тутун, алкохол и дрога со што дава подобри резултати на училиште. . Лица со специфични здравствени состојби, како што се кардиоваскуларните болести и дијабетес, се препорачува, за примената на физичката активност да побараат медицински совет. Ова особено важи за  постарите лица.

Ризици од недоволна физичка активност – Во светот,над 1,4 милијарди возрасни лица, се недоволно физички активни. Недоволната  физичка активност е еден од водечките фактори на ризик за смрт во светот. Околу 3,2 милиони смртни случаи во светот се поврзуваат како индиректна последица од физичка неактивност. На глобално ниво, секоја трета жена и секој четврт маж имаат недоволна физичка активност. Луѓе кои се недоволно активни имаат 20% до 30% поголем ризик од смрт во споредба со луѓето кои се доволно активни. Колку и да сте стари, едно е сигурно,правилна исхрана и редовна физичка активност го чува вашето здравје.

Во земјите со високи приходи, 26% од мажите и 35% од жените биле недоволно физички активни, во споредба со 12% од мажите и 24% од жените во земјите со ниски приходи. Нивото на физичка активност често  варира со падот или зголемувањето на бруто националниот приход. Намалувањето на физичката активност  делумно се должи на неактивност во слободното време и „седечко“ работното место. За тоа придонесува и прекумерното користење на моторни возила, лифт и слично во текот на денот при извршување на секојдневните активности. Физичката неактивност е глобален проблем на јавното здравство. Физичката неактивност е четврти водечки фактор на ризик за смртноста на глобално ниво со 6% од смртните случаи. Физичката неактивност се очекува да биде главна причина за предизвикување на рак на дојката и рак на дебелото црево со околу 21-25%, на дијабетес 27%  и околу 30% на исхемична срцева болест.

Што ги обесхрабува луѓето за да бидат повеќе физички активни?

Одредени фактори на животната средина кои се поврзани со урбанизација! Страв од насилство и криминал на отворен простор! Сообраќај со висока густина! Аерозагадување! Недостиг на паркови, тротоари и спортски и рекреативни центри!

Како да се зголеми физичката активност?

Земјите членки на СЗО се усогласија за намалување на недоволната физичка активност за 10% до 2025 година Релевантните институции и заедниците да преземат акции со кои на што поголем број поединци ќе им овозможат да бидат физички активни. Политиките за зголемување на физичката активност имаат за цел да обезбедат промовирање на физички активности прилагодливи на секојдневниот живот, како што се пешачење, велосипедизам, создавање услови за физичка активност на работното место, обезбедување на простор и објекти во кои учениците и студентите ќе можат да го поминуваат слободното време активно, спортски и рекреативни објекти за спортување. На глобално ниво политиките и плановите за решавање на физичката неактивност се развиени во околу 80%.

Препораки:

Препораките на СЗО се однесуваат на три старосни групи:  5-17 години; 18-64 години;  над 65 години. Деца и адолесценти на возраст од 5-17 години Минимум 60 до 180 минути умерена до енергична физичка активност на ден. Треба да се применуваат активности кои ги зајакнуваат мускулите и коските, најмалку три пати неделно. Возрасни од 18 до 64 години Се препорачува 150 -300 минути физичка активност со умерен интензитет или минимум 75 – 150 минути енергична физичка активност во текот на неделата, или еквивалентна комбинација на двете. Вежби за зајакнување на мускулите се доволни  два или повеќе дена во неделата. Возрасни над 65 години Максимум 150 минути умерена  физичка активност или 75 минути енергична во текот на неделата е доволно за одржување во здрава форма. За бремени жени и луѓе кои живеат со хронични состојби, за секаква физичка активност потребен е совет од стручни лица. Под мотото “Поактивни луѓе за поздрав свет”, изготвен е Глобален акционен план за физичка активност 2018-2030 година.