Светски ден за борба против СИДА-та 2021 година
Крај на нееднаквостите. Крај на СИДА-та

 
Темата на Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА е “End inequalities. End AIDS “– Крај на нееднаквостите. Крај на СИДА – та, со посебен фокус на допирање на лицата оставени назад, односно истакнување на растечките нееднаквости во пристапот до основните услуги за ХИВ / СИДА.
Насочена кон поделеноста, нееднаквоста и непочитување на човековите права, се неуспесите што дозволија ХИВ да стане глобална здравствена криза и закана да остане таква, односно да биде главен проблем за јавното здравје кој погодува повеќе од 2 милиони луѓе во Европа. Сега, КОВИД-19 ги влошува нееднаквостите и нарушувањата на услугите, што ги прави животите на многу луѓе кои живеат со ХИВ попредизвикувачки.
Состојбата во светот со ХИВ/СИДА
• Се проценува на глобално ниво со ХИВ живеат 37 700 000 во 2020 година.
• Новоинфицирани со ХИВ во 2020 година се 1 500 000 лица
• Смртните случаи поврзани со ХИВ во 2020 година се 680 000
• Луѓе кои живеат со ХИВ и кои се на ART (терапија) се 27 500 000.
• Процент од луѓето кои живеат со ХИВ, кои се на АРТ 73%.
Состојбата со ХИВ/СИДА во Северна Македонија
Во текот на 2021 година до 30 ноември регистрирани се вкупно 42 нови лица со потврдена ХИВ / СИДА-инфекција.
• Според возраста, новодијагностицираните припаѓаат на следниве возрасни групи: 20 – 24 (3); 25 – 29 (11); 30 – 34 (7); 35 – 39 (13); 40 – 44 (3); 45 – 49 (3); 50 – 54 (2)
• Според место на живеење: Битола (4); Скопје (17); Кавадарци (2), Гевгелија, Гостивар, Кратово, Куманово, Охрид по 1 лице, Прилеп (3); Штип, Тетово (2); Велес, Струмица (3).
• Според дијагнозата вкупно се 42 лица од нив со ХИВ се 36, а додека со СИДА се 6 лица.
• Сите новодијагностицирани се од машки пол. Според начинот на пренос, кај 37 лица инфекцијата се случила во рамките на популацијата на мажи што имаат секс со мажи, а 5 лица се изјасниле како хетеросексуалци.
• Четири лица починале во 2021 година.
Половина од новодијагностицираните ХИВ-тестот го направиле во сервисите коишто нудат бесплатно и анонимно ХИВ-тестирање и советување – во невладините организации и во рамките на институциите. На сите пациенти им се нуди стручна психосоцијална поддршка во врска со започнувањето на антиретровирусната терапија (ART) со цел да се осигури правилно и редовно земање на лековите и да се избегнат евентуални несакани ефекти. Пациентите имаат постојана достапност на тимот кој дава медицинска и психосоцијална поддршка. Во услови на КОВИД-19 се остварува зачестена телефонска комуникација со пациентите, особено со оние кои неодамна се вклучиле во лекувањето.
Во Одделението по епидемиологија во Центарот за јавно здравје- Битола, активно работи Советувалиштето за доброволно, доверливо, анонимно и бесплатно советување и тестирање за ХИВ. Во текот на секој работен ден од 7 до 15 часот, сите заинтересирани лица можат да го посетат Советувалиштето и анонимно да се тестираат за ХИВ.
На Светскиот ден за борба против ХИВ / СИДА Центарот за јавно здравје Битола, во соработка со невладина организација Хепар и ОО Црвен Крст – Битола, организираа активности за одбележување на овој ден, преку организирање работилница и презентирање на населението битни факти поврзани со ХИВ / СИДА, како и бесплатно тестирање за ХИВ во просториите на центарот за зависност при Клиничка Болница „Д– р Трифун Пановски“ – Битола.
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола
Битола, 01.12.2021 година.