СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ СИДА 2024
1 Декември 2024 Мото: „ Оди по патот на правата: Мое здравје, мое право!“

На 1 декември Центарот за јавно здравје – Битола им се придружува на партнерите и заедниците во одбележување на Светскиот ден за борба против СИДА – та 2024 година со одржување на повеќе настани од здравствено – воспитен карактер. 

Под темата „Оди по патот на правдата: Мое здравје, мое право!“ СЗО ги повикува глобалните лидери и граѓани да се залагаат за правото на здравје со справување на нееднаквостите кои го попречуваат напредокот во ставањето крај на СИДА – та.

Каде да се тестирате за ХИВ?

Во Одделението по епидемиологија во Центарот за јавно здравје – Битола, активно работи Советувалиштето за доброволно, доверливо, анонимно и бесплатно советување и тестирање за ХИВ. Во текот на секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот, сите заинтересирани лица можат да го посетат советувалиштето и анонимно да се советуваат и тестираат за ХИВ.