Светски ден за борба против туберкулоза- 24 март!

Cветскиот ден за борба против туберкулоза се одбележува секоја година на 24 март, со цел да се подигне свеста за болеста и зголемување на напорите да се стави крај на глобалната епидемија. Мотото на Светската Здравствена Организација оваа година е: ,,Да! Можеме да ставиме крај на туберкулозата! “

Туберкулозата е предизвикана од бактерија (Mycobacterium tuberculosis) и најчесто ги погодува белите дробови. Болеста се шири преку воздух кога заболените со белодробна туберкулоза кашлаат, киваат и сл. Човек треба да вдиши само неколку бактерии за да се зарази.

И покрај значителниот напредок, во текот на последните децении, туберкулозата продолжува да биде една од водечките причини за смрт меѓу заразните заболувања. Светската здравствена организација објави дека 10,6 милиони луѓе се заболени од туберкулоза во 2021 година и имало 1,6 милиони смртни случаи истата година.

Туберкулозата е водечка причина за смрт кај лицата со ХИВ, а исто така и главен придонесувач за антимикробната резистенција.

Повеќето од луѓето кои се разболуваат од туберкулоза живеат во земји со низок и среден приход, но болеста е присутна насекаде низ светот.

Се проценува дека околу една четвртина од глобалната популација била заразена со бактеријата на туберкулоза, но повеќето луѓе нема да ја развијат болеста. Оние кои се заразени, но (сеуште) не се болни од болеста, не можат да ја пренесат.

Луѓето заразени со бактеријата на туберкулоза имаат 5-10% ризик да се разболат од туберкулоза. Лицата со компромитиран имунолошки систем, како што се луѓето кои живеат со ХИВ, неухранетост или дијабетес како и  пушачите, имаат поголем ризик да се разболат.

Туберкулозата се лекува!

Контактирајте го Вашиот доктор доколу:

🔵 имате симптоми како кашлица, треска и слабеење;

🔵 сте близок контакт на пациент со туберкулоза или припаѓате на група со висок ризик.

Да! Можеме да ставиме крај на туберкулозата!