Светски ден за борба против хепатитис - 28 јули

Светската Здравствена Организација (СЗО) и оваа година го одбележува Светскиот ден за борба против хепатитисна 28 Јули под мотото ЕДЕН ЖИВОТ, ЕДЕН ЦРН ДРОБ

Хепатитисот е воспаление на црниот дроб кое е предизвикано од различни вируси и неинфективни агенси што доведува до низа здравствени проблеми, од кои некои може да бидат фатални. Постојат пет главни типови на вирусот на хепатитис: А, Б, Ц, Д и Е. Иако сите тие предизвикуваат заболување на црниот дроб, се разликуваат во однос на начините на пренос, сериозноста на болеста, географската дистрибуција и превенцијата.

Хепатитис А најчестосепренесувапрекувода, храна илипредметикоисезаразени со измет од лице кое е веќе болно или преку дирекетен контакт со болно лице. Хепатитис А не предизвикува трајни оштетувања на црниот дроб, ретко е фатален, но сепак може да предизвика потешки симптоми. Хепатитис А се спречува со редовно миење на рацете, пиење на исправна вода, користење на безбедна храна и вакцинација.

Хепатитис Б често се пренесува од заразена мајка на детето при породувањето. Инфекцијата се пренесува и преку контакт со заразена крв и други телесни течности преку инјектирање на дроги со заразени шприцеви и игли,тетовирање, пирсирање, сексуален контакт со заразено лице. Хепатитис Б може да предизвка акутно, но и хронично заболување кое може да доведе до појава на цироза или малигно заболување на црниот дроб. Вакцинацијата против Хепатитис Б е најдобра мерка за заштита.

Хепатитис Ц се пренесува преку контакт со крв од заразено лице. Заразувањето настанува преку користење на нестерилни игли и шприцеви при инјектирање на дроги, тетовирање, пирсирањеи др. Пренесувањето од мајка на дете е исто така возможно. Болеста може да биде акутна и хронична, но кај повеќето лица се манифестира со хроничност кој може да премине во цироза или малигно заболување на црниот дроб. Моментално не постои вакцина против хепатитис Ц. Најдобра мерка на превенција за ова заболување кај лицата кои инјектираат дроги како највулнерабилна група е користење на шприцеви и игли за еднократна употреба. Исто така се препорачува користење на презервативи како заштитна мерка за спречување на ширењето на заболувањето по сексуален пат.

Заедно, хепатитис Б и Ц претставуваат глобален јавноздравствен проблем Се проценува дека 354 милиони луѓе ширум светот живеат со хепатитис Б или Ц, а за повеќето, тестирањето и третманот остануваат недостапни.

Хепатитис Д се пренесува преку заразена крв, и се јавува кај лица кои се веќе инфицирани со Хепатитис Б. Лицата кои не се заразени можат да го спречат заболувањето преку вакцинирање со вакцината против Хепатитис Б.

Хепатитис Е се пренесува најчесто преку контаминирана вода.  Болеста најчесто поминува сама по себе за 4 до 6 седмици, но кај бремените жени постои ризик за смртност. Користење на безбедна храна и вода, како и подобрена санитација ќе го спречи заболувањето. 

Некои типови на хепатитис може да се спречат со вакцинација. Студија на СЗО покажа дека околу 4,5 милиони предвремени смртни случаи може да се спречат во земјите со низок и среден приход до 2030 година преку вакцинација, дијагностички тестови, лекови и образовни кампањи. Глобалната стратегија за хепатитис на СЗО, одобрена од сите земји-членки на СЗО, има за цел да ги намали новите инфекции со хепатитис за 90% и смртните случаи за 65% помеѓу 2016 и 2030 година.

ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и оваа година активно се вклучува во одбележувањето на Светскиот ден за борба против хепатитис со одржување на здравствено-воспитни активности во КПУ “Затвор”-Битола.