СВЕТСКИ ДЕН НА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА 7 ЈУНИ 2025 БЕЗБЕДНА ХРАНА - „НАУКАТА ВО АКЦИЈА“
Мотото на Светскиот ден на безбедна храна-7 јуни е ,,Науката во акција“ и тоа денес не потсетува на важноста на науката како основна алка од синџирот на безбедна храна. Едноставно, тоа е дел без кој не се може и кој ги создава основите за креирање на политиките за безбедност на храната од страна на институциите.
Според најновите податоци на СЗО, небезбедната храна е причина за појава на 200 болести, почнувајќи од дијареја до рак. Во светот, 1. 600 000 луѓе секој ден се разболуваат поради небезбедна храна. Годишен економски товар од болести што се пренесуваат преку храна во земјите со ниски и средни приходи изнесуваат 110 милијарди американски долари.
Високите атмосферски температури претставуваат закана за развојот на микроорганизми во храната и предметите во кои тие се наоѓаат. Ракувањето со храната, односно избор, подготовка, припрема, јадење и чување, имаат особености кои треба да се почитуваат за да се намали ризикот од труење предизвикано од храна.
Избор на храна
Одберете безбедно произведена храна која се продава во објекти кои исполнуваат услови за хигиенско чување на храната.
Обрнете внимание на рокот на употреба, пакувањето, начинот на чување, температурата и одберете готова или делумно подготвена храна која е правилно чувана – складирана и нема биолошка, физичка или хемиска контаминација.
Месото и месните производи треба да се чуваат во уреди за разладување или замрзнување.
После купувањето, овие производи треба што поскоро да се стават во фрижидер и пред консумација да се обработат термички (варење, печење, пржење).
Млечните производи треба да се чуваат во уреди за разладување.
После купувањето, веднаш дасе сместат во разладен уред.
Јајцата треба да се чуваат во уреди за разладување. Јајцата треба да бидат без оштетена лушпа.
Јајцата изложете ги на доволна термичка обработка и избегнувајте храна која содржи свежи јајца или недоволно термички обработени јајца.
Зеленчукот и овошјето пред употреба задолжително да се измијат со чиста безбедна вода. Да се отстранат оштетените делови од овошјето или зеленчукот.
Не користете храна со поминат рок на употреба, односно која променила боја, мирис, вкус и изглед.
Не ги употребувајте оштетените, надуваните и оксидираните лименки и конзерви.
Кога купувате замрзната храна внимавајте да биде добро замрзната, односно да не започнал веќе процесот на одмрзнување. Внимавајте на термометрите при купување храна од фрижидери за одржување или замрзнување. Во првите, температурата треба биде од -1 до 4 °C, а во вторите, -18 C или пониска.
