Светски ден на борба против пушењето - 2025 година
Светската здравствена организација во 1988 година со усвоена Резолуцијата WHA42.19(1), повикува на одбележување на Светскиот ден без тутун секоја година на 31 мај.(2)
Оваа година, кампањата по повод Светскиот ден без тутун (WNTD) има за цел да ги разоткрие стратегиите што ги користат тутунската и никотинската индустрија за да ги направат нивните штетни производи привлечни, особено за младите луѓе.
Нивни чести тактики вклучуваат:
- Ароми и додатоци: Подобрување на вкусот и прикривање на острината на тутунот за да се зголеми неговата привлечност;
- Залажувачки дизајн на производи: Креирање производи што личат на слатки или играчки, со што директно се таргетираат деца и адолесценти;
- Насочено маркетирање: Користење на модерен дизајн, привлечна амбалажа и дигитални кампањи за гламуризирање на штетни производи, со цел да се привлече вниманието на потрошувачите.
Овие тактики не само што го поттикнуваат започнувањето со користење на производите, туку и го отежнуваат процесот на откажување, со што се зголемува ризикот од зависност и долгорочни здравствени последици.
Покрај ароматизираните производи, сè поголемата достапност на додатоци за арома — како што се капсули, картички, филтер врвови и спрееви — претставува нов предизвик за јавното здравје. Овие додатоци често се пласираат на пазарот по воведувањето на забрани за ароми, со цел да се зголеми привлечноста на тутунските и никотинските производи, особено кај младите.
И покрај нивното влијание, додатоците за арома не се класифицирани како тутунски производи и затоа не се опфатени со постоечките регулативи за тутун. За да се реши ова регулаторно празнина, силно се препорачува носителите на политики да ги вклучат и додатоците за арома во сеопфатните забрани за ароми, како дел од пошироките напори за контрола на тутунот.
Употреба на тутун e глобален товар
Над 8 милиони смртни случаи на годишно ниво се поврзани со тутунот:над 7 милиони смртни случаи од пушење (активни пушачи) и приближно 1,3 милиони смртни случаи од изложеност на секундарен чад од пушење (пасивни пушачи).
Во 2022 година, се проценува дека околу 179 милиони луѓе во Европскиот регион на СЗО користеле тутун. Од вкупното машко население, приближно 114 милиони или 32% биле корисници на тутун, додека кај жените, 65 милиони или 18,5% од вкупното женско население користеле тутун.
Глобално, најмалку 37 милиони адолесценти на возраст од 13 до 15 години, односно 9,7% од оваа возрасна група, користи некаква форма на тутун.Во Европскиот регион на СЗО, околу 4 милиони односно 10,8% адолесценти од истата возрасна група користат тутун. Момчињата учествуваат со 11,5%, а девојчињата со 10,1% –приближно по 2 милиони корисници во секоја група.
Оваа година (2025) кампањата има за цел:
· Подигнување на свеста: Информирање на јавноста за тоа како тактиките на индустријата ја манипулираат надворешната појава и привлечноста на тутунските и никотинските производи.
· Залагање за промена на политиките: Воведување забрани за ароми, целосна забрана за рекламирање, промоција и спонзорство на тутунски производи, вклучително и на дигиталните платформи; како и регулирање на дизајнот на производите и нивната амбалажа со цел да се намали нивната привлечност.
· Намалување на побарувачката: Откривањето на овие тактики кои ги користи индустријата има за цел да ја намали побарувачката, особено кај младите и на тој начин да се намали нивната изложеност на никотин и тутунски производи.
ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола активно учествува во борбата за подигање на свеста и разобличување на тактиките кои ги спроведува тутунската индустрија, со цел намалување на бројот на корисници на тутунски производи. Меркиво форма налетоци и друг материјал, како и стручноедукативни предавања во училиштата во регионот на ЈЗУ ЦЈЗ Битола (Битола, Кичево, Ресен, Демир Хисар, МогилаиНоваци).
Во борбата против оваа зависност ЈЗУ Центар за јавно здравје ги повикува сите оние кои сакаа да се откажат од тутунските производи да го посетат Советувалиштето за одвикнување од пушење во склоп на центарот за јавно здравје.(3)
Референци
1. |
World Health Organization (WHO). Resolution WHA42.19. [Online]. [cited 2025 May. Available from: https://iris.who.int/bitstream/handle/10665/172165/WHA42_R19_eng.pdf?sequence=1. |
2. |
World Health Organization (WHO). World No Tobacco Day. [Online]. [cited 2025 May. Available from: https://www.who.int/campaigns/world-no-tobacco-day. |
3. |
ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола. Советувалиште за одвикнување од пушење. [Online]. [cited 2025 мај. Available from: https://cjzbt.org.mk/%d1%81%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d1%88%d1%82%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d0%be%d1%82%d0%ba%d0%b0%d0%b6%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%be%d0%b4-%d0%bf%d1%83%d1%88%d0%b5%d1%9a/. |
Add reaction
|





