Светски ден на оралното здравје

(20 март)

 

Клучни факти

 

  • Оралните болести, иако во голема мера можат да се спречат, претставуваат значителен здравствен проблем за многу земји и влијаат на луѓето во текот на нивниот живот, предизвикувајќи болка, неудобност, деформитет и дури и смрт.
  • Се проценува дека оралните болести ги засегаат скоро 3,7 милијарди луѓе.
  • Нелекуваниоткариес (расипување на забите) кај трајните заби е најчестата состојба според Глобалното оптоварување со болести за 2021 година.
  • Превенцијата и третманот на состојбите на оралното здравје се скапи и обично не се дел од националните пакети за универзално здравствено осигурување (UHC).
  • Оралните болести се предизвикани од различни фактори на ризик што се заеднички за многу не заразни болести (ХНБ), вклучувајќи консумација на шеќер, употреба на тутун, консумација на алкохол и лоша хигиена, како и нивните основни социјални и комерцијални детерминанти.

Повеќето состојби на оралното здравје во голема мера може да се спречат и можат да се лекуваат во раните фази. Повеќето случаи се кариес (расипување на забите), пародонтални заболувања, губење на забите и рак на усната шуплина. Други состојби на усната шуплина од јавно значење се орофацијалните пукнатини, номата (тешка гангренозна болест што започнува во устата и најчесто ги погодува децата) и ороденталната траума.

Преваленцата на главните орални заболувања продолжува да се зголемува глобално со растечката урбанизација и промените во условите за живот. Ова првенствено се должи на несоодветната изложеност на флуор (во водоснабдувањето и производите за орална хигиена, како што е пастата за заби), достапноста и прифатливоста на храна со висока содржина на шеќер и слабиот пристап до услуги за орална здравствена заштита во заедницата. Продажбата на храна и пијалаци со висока содржина на шеќер, како и тутунот и алкохолот, доведуваат до зголемена потрошувачка на производи кои придонесуваат за состојби на нарушено оралното здравје и други незаразни болести.

Забен кариес (расипување на забите)

Кариесот настанува кога на површината на забот се формира плака и ги претвора слободните шеќери (сите шеќери додадени во храната од производителот, готвачот или потрошувачот, плус шеќерите природно присутни во медот, сирупите и овошните сокови) содржани во храната и пијалоцитево киселини кои со текот на времето го уништуваат забот. Континуираниот висок внес на слободни шеќери, несоодветната изложеност на флуор и недостатокот на отстранување на плаката со четкање на забите може да доведат до кариес, болка, а понекогаш и губење на забите и инфекција.

Пародонтална (непца) болест

Пародонталната болест ги зафаќа ткивата што ги опкружуваат и ги потпираат забите. Болеста се карактеризира со крварење или отечени непца (гингивитис), болка, а понекогаш и лош здив. Во потешката форма, непцата можат да се одвојат од забот и потпорната коска, предизвикувајќи забите да се олабават, а понекогаш и да испаднат. Се проценува дека тешките пародонтални заболувања зафаќаат повеќе од 1 милијарда случаи низ целиот свет. Главните фактори на ризик за пародонтални заболувања се лошата орална хигиена и употребата на тутун.

Едентулизам (тотално губење на забите)

Потполна загуба на заби е крајната точка на оралните заболувања, напреднат забен кариес и тешка форми на пародонтална болест, но како причина се вклучуваат и повредите на забите. Глобално, просечната преваленција е околу 7% кај лицата на возраст од 20 години и повеќе, а за оние на возраст од 60 години и повеќе, преваленцијата изнесува 23%. Губењето на забите може да има психолошки, социјални и функционални последици.

Рак на устата (Орален канцер)

Оралниот канцер вклучува и други делови од устата и орофаринксот и заедно се класифицира како 13-тиот најчест канцер во светот. Инциденцијата (глобално) на канцерите на усната и оралната шуплина се проценува на 389.846 713 случаи и 188.438 757 смртни случаи во 2022 година. Оралниот канцер е почест проблем кај мажите и кај постарите луѓе, посмртоносен за мажите и силно варира според социоекономските состојби.[1]

Тутунот, алкохолот и употребата наArecanut(Арека орев) се меѓу водечките причини за оралниот канцер. Во Северна Америка и Европа, инфекциите со хуман папиломавирус се одговорни за растечки процент на орални канцери кај младите луѓе.

Оро-деталната траума

Оро-деталната траума (повреда) настанува како резултат на повреда на забите, устата и оралната шуплина. Последните процени покажуваат дека околу 1 милијарда луѓе се засегнати, со преваленција од околу 20% кај децата до 12 години Орално-денталната траума може да биде предизвикана од различни фактори и фактори на животната средина како што се небезбедни игралишта, ризично однесување, сообраќајни несреќи и насилство. Третманот е скап и долг, а понекогаш може дури и да доведе до губење на забите, што резултира со компликации за развојот на лицето и психолошкиот развој и квалитетот на животот.

Нома

Нома е тешка гангрена – болест на устата и на лицето.Најмногу ги погодува децата на возраст од 2-6 години кои страдаат од потхранетост, погодени од заразни болести, кои живеат во екстремна сиромаштија со лоша орална хигиена или со ослабен имунолошки систем.

Нома е најзастапена во супсахарска Африка, иако случаи се пријавени и во Латинска Америка и Азија.Нома започнува како лезија на меките ткива (рани) на непцата.Потоа се развива во акутен некротизирачкигингивитис кој брзо напредува, уништувајќи ги меките ткива и понатаму да ги зафати тврдите ткива и кожата на лицето.

Според најновите процени (од 1998 година), годишно се регистрираат 140.000 нови случаи на нома. Без лекување, номата е фатална во 90% од случаите. Преживеаните страдаат од тешки деформитети на лицето, имаат тешкотии во говорот и јадењето, поднесуваат социјален стигма и бараат комплексна операција и рехабилитација. Кога номата се открива во рана фаза, нејзиниот напредок може брзо да се спречи преку основна хигиена, антибиотици и подобрена исхрана.

Расцеп на усна и непце

Орофацијалнитерасцепување, се најчестите вроденикранофацијалните дефекти и имаат глобална преваленција од 1 на 1000–1500 родени, со широка варијабилност во различни популации. Генетска предодреденост е главна причина. Сепак, лошата исхрана на мајката, консумацијата на тутун, алкохол и дебелина за време на бременоста исто така играат улога. Во средини со пониски доходни, има висока стапка на смртност во неонаталниот период. Расцепувањатана усната и непцата доколку правилно се третираат со хирургија, целосна рехабилитација е можно.[2]

Ризик Фактори

Повеќето орални болести и состојби споделуваат модифицирани фактори на ризик како што се употребата на тутун, консумирање алкохол и нездрава исхрана богата со слободни шеќери кои се заеднички за 4-те водечки ХНБ (кардиоваскуларни болести, канцер, хронични респираторни заболувања и дијабетес).

Покрај тоа, дијабетесот е поврзан на со развојот и прогресијата на пародонталната болест.Исто така, постои причинско-последична врска помеѓу големата потрошувачка на шеќер, дијабетес, дебелината и забен кариес.

Нееднаквости во оралното здравје

Оралните болести непропорционално ги погодуваат сиромашните и социјално загрозените членови на општеството.Постои многу силна и конзистентна поврзаност помеѓу социоекономскиот статус (приход, занимање и образовно ниво) и распространетоста и сериозноста на оралните болести.Оваа асоцијација постои од раното детство до постара возраст но и меѓу популациите во земјите со висок, среден и низок приход.

Превенција

Тежината на оралните болести и другите незаразните болести може да се намали преку интервенции во јавното здравство со решавање на заедничките фактори на ризик.

Тие вклучуваат:

  • промовирање на добро балансирана исхрана со ниска содржина на слободни шеќери и богата со овошје и зеленчук, и фаворизирање на водата како главен пијалак;
  • прекин на употребата на сите форми на тутун, вклучително и џвакање на Арека ореви;
  • намалување на потрошувачката на алкохоли
  • поттикнување на употреба на заштитна опрема при спортување и патувањесо велосипеди и мотоцикли (за да се намали ризикот од повреди на лицето).

Соодветната изложеност на флуор е суштински фактор во спречувањето на забен кариес.

Треба да се поттикнувамиењето на забите двапати дневно со паста за заби што содржи флуор (1000 до 1500 ppm).

Пристап до услуги за орално здравје

Нееднаквата распределба на професионалцитеза орално здравје и недостатокот на соодветни здравствени установи за задоволување на потребите на населението во повеќето земји. значи дека пристапот до примарните услуги за орално здравје е често низок.Трошоците кои се плаќаат од џеб за орална здравствена заштита може да бидат главни бариери за пристап до нега.Плаќањето за потребната грижа за оралното здравје е меѓу водечките причини за катастрофални здравствени трошоци, што резултира со зголемен ризик од осиромашување и економски тешкотии.

Недостатокот на орални здравствени стручњаци (лекари, медицински сестри и останати)и недостатокот на соодветни здравствени установи во повеќето земји значи низок пристап до услуги за орално здравје. Трошоците за орална нега (до џеб) можат да бидат главни пречки за лекување.Оваа состојба може да доведе до катастрофални трошоци за здравствена нега и зголемен ризик од економскитрошоци.

Одговор на СЗО

На 74-тата Светско здравствена собрание во 2021 годинаодобриРезолуција за орално здравје[3].Резолуцијата препорачува промена во традиционалниот начин на лекување.Пристапоткон превенција вклучува унапредување на оралното здравје во семејството, училиштата и работните места и вклучува навремена, сеопфатна и инклузивна грижа во системот на примарната здравствена заштита.Резолуцијата потврдува дека оралното здравје треба да биде цврсто вградено во агендата за НЗБ и дека интервенциите за орална здравствена заштита треба да бидат вклучени во програмите за универзално здравствено покривање.

Во 2022 година, Светското здравствено собрание ја усвои глобалната стратегија за орално здравје со визија за универзално здравствено покривање за оралното здравје за сите поединци и заедници до 2030 година. Детален акционен план е во развој за да им помогне на земјите да ја преведат глобалната стратегија во пракса.Ова вклучува рамка за следење за следење на напредокот, со мерливи цели што треба да се постигнат до 2030 година.[4]

Во 2024 година, како резултат на првиот глобален состанок на СЗО за орално здравје, што се одржа од 26 до 29 ноември во Бангкок, Тајланд, беше усвоенаДекларацијата од Бангкок – Нема здравје без орално здравје.[5]

Оваа Декларација се залага за истакнување на оралните заболувања како глобален приоритет на јавното здравје. Декларацијата од Бангкок ја повторува посветеноста на земјите-членки на значајната резолуција од 2021 година за оралното здравје, која ја унапредува превенцијата и контролата на оралните заболувања како дел од агендите за незаразни болести, универзална здравствена заштита и животна средина. Таа ја нагласува потребата од зајакнување на здравствените системи преку пристапи кон примарна здравствена заштита, осигурувајќи дека одржливоста на животната средина и отпорноста на климатските промени се централни компоненти.

По повод на Светски ден на оралното здравјепред Центар за култура во Битола со почеток од 11:00 часот ќе се организира настан за подигнување на свеста за важноста на оралното здравје.Организиран од страна на ЈЗУ Здравствен дом Битола, а поддржан од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола.

Референци

x

1.

International Agency for Research on Cancer. Global Cancer Observatory: Today. [Internet].; Lyon (FR): World Health Organization [cited 2026 Mar. 18]. Available from: https://gco.iarc.who.int/today.

2.

Salari N, Darvishi N, Heydari M, Bokaee S, Darvishi F, Mohammadi M. Global prevalence of cleft palate, cleft lip and cleft palate and lip: a comprehensive systematic review and meta-analysis. J Stomatol Oral Maxillofac Surg. 2022;123(2):110–120. [Internet]. [cited 2026 Mar. 18]. Available from: doi:10.1016/j.jormas.2021.05.008.

3.

SEVENTY-FOURTH WORLD HEALTH ASSEMBLY – WHA74.5. [Internet]. [cited 2023 февруари 08]. Available from: https://apps.who.int/gb/ebwha/pdf_files/WHA74/A74_R5-en.pdf.

4.

World Health Organization. Global strategy and action plan on oral health 2023–2030 [Internet].; Geneva: World Health Organization; 2024 [cited 2026 Mar. 18]. Available from: https://www.who.int/publications/i/item/9789240090538.

5.

World Health Organization. Bangkok Declaration – No Health Without Oral Health: towards universal health coverage for oral health by 2030 [Internet].; Geneva: World Health Organization; 2025 [cited 2026 Mar. 18]. Available from: https://www.who.int/publications/m/item/bangkok-declaration—no-health-without-oral-health.

x