🦠 Сезонски грип – Информации, ризици и заштита
Годишно се евидентираат:
Над 1 милијарда случаи на грип
3–5 милиони тешки форми на болеста
До 650.000 смртни случаи поради респираторни компликации
КОИ СЕ НАЈМНОГУ ЗАГРОЗЕНИ?
Грипот може да го зафати секого, но највисок ризик за сериозни компликации имаат:
Бремени жени
Деца под 5 години
Лица над 65 години
Пациенти со хронични болести
Имуносупресирани лица
Здравствени и социјални работници
Грипот може да влоши постоечки болести, да доведе до пневмонија, сепса и хоспитализација.
СИМПТОМИ
Симптомите на сезонски грип се јавуваат 1–4 дена по изложеност на вирусот и обично вклучуваат:
Нагла појава на висока температура
Сува кашлица
Главоболка
Болки во мускулите и зглобовите
Изразена малаксаност
Воспалено грло и течење на носот
Кај повеќето лица, закрепнувањето настапува во рок од една недела без потреба од медицински третман. Меѓутоа, кај ризичните категории болеста може да се комплицира.
ПРЕВЕНЦИЈА: ВАКЦИНАЦИЈА
Вакцинацијата против сезонски грип е најбезбедниот и најефективниот метод за превенција.
Вакцините се користат успешно повеќе од 60 години и се обновуваат секоја сезона според циркулирачките соеви на вирусот.
Годишна вакцинација се препорачува за:
Бремени жени
Деца од 6 месеци до 5 години
Возрасни над 65 години
Лица со хронични заболувања
Здравствени работници
Дури и кога не спречува целосна инфекција, вакцината значително ги намалува ризикот од тешки компликации и хоспитализација.
ДОДАТНИ ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ
Мијте раце често и темелно
Користете марамчиња при кашлање/кивање
Избегнувајте контакт со болни лица
Останете дома доколку имате симптоми
Избегнувајте допирање на лице со немиени раце
Извор:
World Health Organization. Influenza (seasonal) [Internet]. 28 February 2025 [cited 2025 Oct 16]. Available from: https://www.who.int/news-room/
Одделение за епидемиологија – ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола
