СООПШТЕНИЕ: ВТОРА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА ВО ОПШТИНИТЕ ДЕМИР ХИСАР, МОГИЛА И НОВАЦИ
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола известува дека во септември 2025 година ќе се спроведе втората фаза од превентивната систематска дератизација, како општа противепидемиска мерка за заштита на здравјето на населението.
Термини и општини каде ќе се изведува дератизацијата:
Демир Хисар – 25 и 26 септември 2025 година
Могила – 29 септември 2025 година
Новаци – 30 септември 2025 година
Опфат на активностите:
Дератизација на подземните канализациски системи во општините;
Канализациони системи на објекти од јавен интерес:
o Детски градинки и центри за ран детски развој
o Воспитно-образовни институции (основни училишта)
o Здравствени установи и амбуланти
o Локални институции (општински згради, пошта, полиција)
Јавни површини и депонии каде е утврдено присуство на глодари.
Метод на работа:
Активностите ќе се спроведуваат со поставување на родентицидни парафински блокови (отровни мамци) во канализациони шахти и ризични зони.
Мамците се од групата на синтетски антикоагуланти од втора генерација. На терен ќе работат екипи од Одделот за ДДД при Центарот за јавно здравје – Битола, во соработка со локалните комунални претпријатија. Екипите ќе бидат обележани и соодветно обезбедени со предупредувачки знаци, со цел заштита на граѓаните.
Контакт: За повеќе информации граѓаните можат да се обратат во Центарот за јавно здравје – Битола: 047 208-100 / 047 208-120
Битола, 22.09.2025 година
