СООПШТЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ВО ОПШТИНА МОГИЛА

ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола Ве информира дека:                                   

во деновите 13.08.2024 (вторник) и 14.08.2024 (среда), екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведуваат ТРЕТАТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на возрасните форми на комарците. 

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19:00 до 02:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, возилото за дезинсекција ќе биде означено со ротационо светло. 

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реки, водотоци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Могила, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

 Со цел избегнување на несакани последици, се информираат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.  

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје Битола 047 208-100, 047 208-120

                                                                                                                                                                                                             ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола