Соопштение за спроведување на дезинсекција во Општина Битолa
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола го издава следново соопштение:
- Во период од 01.06.2025 (недела) до 05.06.2025 (четврток), во период од 21:00 – 04:00 часот, екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведуваат ПРВАТА ФАЗА од АДУЛТИЦИДНАТА теристичка (од земја) дезинсекција, со цел уништување на возрасни форми на комарци.
- Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градско подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставена до Општина Битола.
- Третирањето ќе се изведува во вечерните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап – возило означено со ротационо светло.
- Со цел избегнување на несакани последици, се информираат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.
- Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
- За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047/208-100 и 047/208-120.
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола

