СООПШТЕНИЕ
ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола Ве информира дека во деновите:
05.06.2024 (среда) и 06.06.2024 (четврток), во Општина Могила и Општина Новаци, екипи на Центарот за јавно здравје ќе јас проведуваат ПРВАТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на возрасните форми на комарците.
Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19:00 до 02:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.
Активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, а возилото со апаратурата за дезинсекција ќе биде означено со ротационо светло.
Со цел избегнување на несакани последици, се информираат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје Битола 047 208-100, 047 208-120.
ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола