СООПШТЕНИЕ

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Кичево за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Кичево како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола го издава следново соопштение:

Во деновите 26.07.2022 (вторник) и 27.07.2022 (среда), екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведуваат ВТОРАТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на возрасните форми на комарците.

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 20:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи друго возило означено со ротационо светло.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени 800 хектари на следните локации: Градот Кичево и урбаните населби Осломеј, Зајас, Другово и Вранештица. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реките и водотоците, застојни води, подрачјата околу канални системи на територијата на Општината, урбани населби и локалитети регистрирани во договор со Локалната самоуправа, како потенцијални жаришта за развој и размножување на комарците.

Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

Со информации за активностите од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Битола известени се и медиумите, здруженијата на пчеларите, здравствените институции, локалната самоуправа и други институции.

Со цел избегнување на несакани последици, се информираат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје Битола 047 208-100, 047 208-120.

ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола