Направи ХИВ тест бесплатно, доверливо и анонимно 

Тестирање за ХИВ/СИДА

047 208-120

047 208-100

 ДОВЕРЛИВО СОВЕТУВАЊЕ И ТЕСТИРАЊЕ ЗА ХИВ/СИДА

Во Одделението за епидемиологија при ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола работи Советувалиште за ХИВ/СИДА каде се врши доброволно и доверливо советување и тестирање на сите лица кои сакаат да ја проверат  својата здравствена состојба за ХИВ/СИДА. Советувањето го изведуваат стручни лица кои даваат совети пред тестирање и после тестирање.

Причината за тестирањето е најчесто сомнителен сексуален контакт, нова врска, интравенско користење на дроги, информации за својот ХИВ статус и др.

Советувањата се доверливи, анонимни и бесплатни.
 

Лицата кои што сакаат да бидат советувани и тестирани за ХИВ/СИДА, можат да добијат повеќе информации на телефон 047 208 120 или во соба бр.7 во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола.