Хигиена
Одделение по хигиена и здравствена екологија
Одделението по хигиена и здравствена екологија, санитарно – хигиенската дејност ја остварува преку реализација на Националната годишна програма за јавно здравје во Република Северна Македонија и комерцијални услуги на подрачјето кое го покрива.
Активности во Одделението:
- Следење, спроведување и предлагање мерки за снабдување на населението со безбедна вода за пиење;
- Санитарен надзор над објектите за водоснабдување, над извориштата, резрвоарите, водоводната мрежа и нивната околина во санитарните зони;
- Проценка на здравствената исправност на водата за пиење, квалитетот на отпадните води, површинските води за капење и рекреација, водите од отворени и затворени базени со бактериолошка и физичко-хемиска анализа на водата;
- Следење на отстранувањето на цврстите и течни отпадни материи, надзор над објектите и локациите за отстранување и крајна диспозиција на отпадните материи;
- Проценка на здравствено-еколошкиот ризик на хигиенскиот квалитет на воздухот преку стационирани седиментатори за аероседимент во Битола и Кичево;
- Проценка на здравствениот ризик од бучавата во животната средина преку мониторинг на бучавата во Битола и Кичево;
- Проценка на безбедноста на прехранбените производи врз основа на анализи извршени во акредитираните лаборатории во Центарот;
- Aнализа на хемиска контаминација на прехранбени производи, со испитување на присуство на резидуи на тешки метали, пестициди и микотоксини;
- Одредување на нутритивната (хранлива) вредност на прехранбените производи врз основа на лабораториските анализи и со користење на таблици за нутритивен состав;
- Анализа на безбедноста на храната наменета за исхрана во стационарните установи со цел превенција на болести поврзани со небезбедна храна;
- Анализа на брисеви од работни површини и предмети за општа употреба;
- Вршење на санитарно-хигиенски увиди на објектите за припрема на храна;
- Следење на биолошкиот квалитет на исхраната на вулнерабилни популациони групи и предлагање на соодветни мерки за подобрување на истата;
- Следење на нутритивниот статус на популациони групи со антропометриски мерења, следење на растот и развојот на децата и учениците со функција на рана детекција на прекурсори на можни здравствени ризици за појава на хронични незаразни заболувања;
- Здравствено-хигиенски прегледи заради спречување на заразни болести.
Отсек за лабораторија по санитарна и токсиколошка хемија
Во склоп на отсекот функционира Лабораторија по санитарна и токсиколошка хемија во која се вршат физичко-хемиски и токсиколошки анализи согласно барањата на корисниците на услуги. Лабораторијата е акредитирана од ИАРМ, според барањата од стандардот MKS EN ISO/IEC 17025:2018 за хемиско тестирање на вода и прехранбени продукти.
Во лабораторијата се вршат следните анализи:
- анализи на вода за пиење
- анализи на површинска вода, отпадна вода, вода од јавни базени и аероседимент
- анализи на прехранбени производи и предмети за општа употреба
- токсиколошки анализи на вода, прехранбени производи и предмети за општа употреба
- одредување на нутритивната вредност на прехранбени производи согласно декларација
- Отсек за комунална хигиена, безбедност на храна и исхрана
- Отсек за комунална хигиена, безбедност на храна и исхрана со седиште во Ресен
- Отсек за комунална хигиена, безбедност на храна и исхрана со седиште во Кичево