ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ БИТОЛА- ДИРЕКТНО ДО ВАШИОТ ДОМ ЗА ВРЕМЕ НА ТОПЛОТНИТЕ БРАНОВИ
Нова услуга во ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола
Екипа за земање на примероци за микробиолошки анализи во домашни услови за лицата над 65 години
Почитувани,
Ве известуваме дека ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола воведува мобилна екипа за земање на примероци за микробиолошки анализи за лицата над 65 години од 24 јули до 31 август 2025 година. Оваа мерка се превзема со цел ранливите категории на граѓани да бидат заштитени од високите атмосферски температури одејки до и од установата.
Лицата треба да се закажат на телефонот 070 208 100 еден ден претходно по добиен упат од лекар, при што ќе им бидат дадени насоки како да се подготват за земањето на примероци (брисеви, урина и сл.)
Стручна медицинска екипа ќе пристапи до нивниот дом, со опремено возило, при што примероците во најкраток период ќе бидат доставени до лабораторијата за анализа.
Корисниците треба да го подмират само трошокот за партиципација за микробиолошката анализа (кој се плаќа регуларно и во установата на шалтер).
Услугата за земањето на примероци за анализи во домашни услови ја добиваат без надоместок односно БЕСПЛАТНО.
Оваа услуга важи за регионот на Битола и околните села. Резултатите се прикачуваат во Мој термин при што и пациентите (преку апликацијата Мое Здравје) и нивните матични лекари ќе имаат пристап до истите.
Се надеваме дека на овој начин ќе придонесеме за подобро здравје на граѓаните, и ќе го олесниме патот до квалитетна и навремена здравствена заштита.
Со почит, ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола
