ОДЛОЖУВАЊЕ НА ДЕЗИНСЕКЦИЈАТА ВО БИТОЛА

ЈЗУ Центар за јавно здравје –Битола ги известува граѓаните дека планираната адултицидна дезинсекција од земја (прва фаза), која требаше да се изврши во периодот од 8 до 12 мај 2025 година, се ОДЛОЖУВА поради неповолни временски услови – дожд, силен ветер и/или висока влажност.

👉Дезинсекцијата ќе се спроведе во нов термин, веднаш штом ќе се создадат соодветни услови за ефикасно и безбедно извршување.

ℹОваа мерка се презема со цел да се постигне максимален ефект против комарци и да се заштити здравјето на населението и животната средина.

🙏Ви благодариме на разбирањето и ве повикуваме да ги следите нашите објави за дополнителни информации.

📍ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола

📅 8.5.2025