🦟 Известување за спроведување на прва фаза од дезинсекцијата во општините Демир Хисар, Могила и Новаци

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола, Ве информира, ќе ја спроведе првата фаза од превентивната систематска дезинсекција за уништување на возрасните форми на комарци на територијата на следните општини:

  • Општина Могила: 9 и 10 јуни 2025
  • Општина Новаци: 11 и 12 јуни 2025
  • Општина Демир Хисар: 16 и 17 јуни 2025

Дезинсекцијата ќе се изведува теристички (од земја), во периодот од 19:00 до 02:00часот, со УЛВ ладно запрашување од возила опремени со соодветна
апаратура.Вози
лото ќе биде означено со ротационо светло, заради безбедност и препознатливост.

Со дезинсекцијата ќе бидат третирани:

  • Зелените површини во урбани и рурални населби
  • Подрачја по течението на реки и водотоци
  • Локалитети со застојни води
  • Подрачја околу каналниот систем
  • Други локации наведени во оперативните планови за секоја општина
  • Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд), дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден.

За дополнителни информации 047/208-100 или 047/208-120