Известување за спроведување на втора фаза адултицидна дезинсекција во општините Демир Хисар, Новаци и Могила
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола, Ве информира, ќе ја спроведе втората фаза од превентивната систематска дезинсекција за уништување на возрасните форми на комарци на територијата на следните општини:
- Општина Демир Хисар: 22 и 23 јули 2025
- Општина Новаци: 24 и 25 јули 2025
- Општина Могила: 28 и 29 јули 2025
Дезинсекцијата ќе се изведува теристички (од земја), во периодот од 21:00 до 04:00часот, со УЛВ ладно запрашување од возила опремени со соодветна
апаратура.Возилото ќе биде означено со ротационо светло, заради безбедност и препознатливост.
Со дезинсекцијата ќе бидат третирани:
- Зелените површини во урбани и рурални населби
- Подрачја по течението на реки и водотоци
- Локалитети со застојни води
- Подрачја околу каналниот систем
- Други локации наведени во оперативните планови за секоја општина
- Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд), дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден.
За дополнителни информации 047/208-100 или 047/208-120
