14 ноември Светски ден на дијабетес
Дијабетесот е хронична, метаболичка болест која се карактеризира со зголемени нивоа на гликоза во крвта (шеќер во крвта), што води до сериозни оштетувања на срцето, крвните садови, очите, бубрезите и нервите со текот на времето.[1]
Основни типови на дијабетес:
- Дијабетес тип 1 (T1DM),се смета дека е предизвикан од автоимуна реакција (телото се напаѓа по грешка). Оваа состојба предизвикува вашето тело да не може да произведува инсулин или да не произведува доволно инсулин. Поради оваа состојба засегнатите лица треба да користат инсулин.
- Дијабетес тип 2 (T2DM) организмот (телото) не го користи добро произведениот инсулин и не може да го одржува нивото шеќерот во крвта на нормални граници. Овој тип на дијабетес се развива во текот на многу години и обично се дијагностицира кај возрасни (но се повеќе и повеќе кај деца, тинејџери и млади возрасни). Појавата на овој тип на дијабетес може да започне без да се забележат никакви симптоми, па затоа е важно да го тестирате шеќерот во крвта ако сте изложени на ризик.
- Гестациски дијабетес (GDM) се појавува кај бремени жени кои никогаш немале дијабетес. Гестацискиот дијабетес обично исчезнува по раѓањето на бебето (породувањето). Доколку имате гестациски дијабетес, вашето бебе може да биде изложено на поголем ризик за здравствени проблеми.[2]
Најчест е тип 2 на дијабетес (T2DM), обично кај возрасните, кој настанува кога телото станува отпорно на инсулин или не произведува доволно инсулин. Во последните три децении, распространетоста на тип 2 на дијабетес (T2DM) значително пораснала во земјите со сите нивоа на доход. Тип 1 на дијабетес, некогаш познат како дијабетес кај млади или инсулин-зависен дијабетес, е хронична состојба при која панкреасот произведува мало или никакво количество инсулин. За луѓето кои живеат со дијабетес, пристапот до достапно лекување, вклучувајќи инсулин, е клучен за нивното здравје. Постои глобално договорена цел за прекинување на порастот на дијабетесот и обезитетот до 2025 година.
- Симптомите на тип 1 на дијабетес вклучуваат често уринирање, жед, постојан глад, губење на тежина, промени во видот и замор.
- Симптомите за тип 2 на дијабетес генерално се слични со оние за тип 1, но често се помалку изразени. Како резултат на тоа, болеста може да биде дијагностицирана неколку години по појавата, откако веќе ќе се појават компликации. Поради ова, важно е да се биде свесен за факторите на ризик.
„Светскиот ден на дијабетесот нуди можност да се подигне свеста за дијабетесот како критично глобално јавно здравствено прашање и да се нагласи колективниот и индивидуалниот ангажман што е потребен за подобрување на превенцијата, дијагнозата и управувањето со оваа состојба.
Да ја поддржуваме посветеноста за намалување на ризикот од дијабетес, сите оние луѓе кои се дијагностицирани со дијабетес да имаат пристап до еднакво, севкупно, пристапно и квалитетно лекување и грижа. Придружете ни се во подигањето на свеста, ширењето на знаењето и создавањето трајни промени за сите погодени од дијабетесот.“[1]
Според регистарот за дијабетес,во 2023 година бројот на регистрирани лица во Македонија изнесува:130.459 лица од нив 57.714 мажи (44.24%) и 72.745 жени (55.76%)[3]
Во Општина Битола, вкупниот број на засегнати лица (преваленција) во 2024 година изнесува 5.703, од кои 3.027 се мажи (53,1%), додека 2.676 се жени (46,9%).
Според типот на дијабетес, состојбата е следна:
- Од дијабетес тип 1 (T1DM) засегнати се 88 лица (2%);
- Од дијабетес тип 2 (T2DM) засегнати се 615 лица (98%).
Според начинот на лекување, состојбата е следна:
- на диета биле 167 лица (2,9%);
- на Инсулинска терапија биле 248 лица (21,9%);
- на орална медикаментозна терапија биле 288 лица (75,2%);[4]
По повод Светскиот ден на дијабетесот, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола организира бесплатно мерење на гликемија (шеќер во крвта)денес,на 14.11.2025 година, со почеток во 10:30 часот, за случајни минувачи на плоштад „Магнолија“ во Битола.
Литература
x
1. | Светска здравствена организација (WHO). [Internet].; 2024. Available from: https://www.who.int/health-topics/diabetes#tab=tab_1. |
2. | Centers for Disease Control and Prevention (CDC). Diabetes Basics [Internet]. [cited 2024 November]. Available from: https://www.cdc.gov/diabetes/about/index.html. |
3. | ЈЗУ Инстиут за јавно здравје на Република Северна Македонија. Публикации [Internet]. [cited 2024 Ноември]. Available from: https://iph.mk/Upload/Documents/ШЕЌЕРНА%20БОЛЕСТ,%202023.pdf. |
4. | ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола. Одделение за социјална медицина [Internet]. [cited 2025 ноември 12]. Available from: https://cjzbt.org.mk/. |
x
