2026 Светски ден на ракот – 4 февруари“Обединети во уникатност”
Светскиот ден на ракот, секоја година се одбележува на 4 февруари.Таа еглобална иницијатива за подигање на свеста за ракот – превенција, раната детекција, третман но и подобрување на квалитетот на животот на лицата погодени од ова заболување. Овој ден е поддржан од Светската здравствена организација (WHO) и Меѓународната унија за контрола на ракот (UICC)кампања 2025-2027 година“ОБЕДИНЕТИ ВО УНИКАТНОСТ”.Која има за цел да се намали товарот од ракда се поттикнат заеднички активности на поединците, здравствените системи и општеството во целина.[1][2]
Ракот претставува една од водечките причини за смртност во светот. Според податоците на Светската здравствена организација во 2020 година, ракот е едена од шест причини за смрт.Меѓународната агенција за истражување на ракот, истакнува дека милиони нови случаи на рак се дијагностицираат секоја година, а значителен дел од нив се откриваат во напредна фаза на болеста. [1][3][4]Ова не само што има сериозни здравствени последици но и создава значителен социјален и економски товар за семејствата и здравствените системи.[4]
Најчестите форми на рак глобалносе рак на дојка, бели дробови, дебело црево, простата и грло на матка.[3][4] Напредокот во медицината доведе до подобри дијагностички и терапевтски можности, нееднаквиот пристап до здравствена заштита останува сериозен предизвик, особено во земјите со низок и среден приход.[1][4]
Превенција и рана детекција
Еден од клучните аспекти во борбата против ракот е превенцијата. HPV – вакцинацијата е од огромно значење за превенција од рак на грлото на матката. Случаите на рак може да се спречат доколку се намалати ризик-фактори како што се пушење, прекумерна консумација на алкохол, нездрава исхрана, физичка неактивност и изложеност на канцерогени супстанции.Раната детекција е од суштинско значење, односно откривањето на ракот во почетна фаза допринесува до зголемување на шансите за успешно лекување и преживување. Скрининг програмите (рана детекција) за рак на дојка, грло на матка и дебело црево се ефикасни мерки за намалување на смртноста од овие заболувања.Редовните превентивни прегледи и едукацијата на населението играат клучна улога во унапредувањето на јавното здравје.[1][5]
Третман и поддршка
Современиот третман на ракот е мултидисциплинарен кој вклучува хирургија, хемотерапија, радиотерапија, имунотерапија и таргетирана терапија. Изборот на третманот зависи од типот, стадиумот на ракот но и од индивидуалните карактеристики на пациентот.[1][4]
Не само медицинскиот третман е важен, психосоцијалната поддршка е исто така важна и има длабоко емоционално влијание не само врз пациентот но и врз нивните семејства. Поддршката од здравствените работници, семејството, здруженијата на пациенти, придонесуваат за подобар квалитет на живот и поголема успешност на третманот.[1][4]
Улогата на заедницата и институциите
Светскиот ден на ракот потсетува дека борбата против ова заболување не е само одговорност на здравствениот систем, туку и на институциите.Здравствените организации, невладиниот сектор и медиумите имаат важна улога во креирањето политики, обезбедување на пристап до здравствена заштита и распространување на точни и навремени информации.[1][2]
Севкупните напори, солидарност, знаење и одговорност, допринесуваат до значајни промени. Инвестирањето во превенција, истражување, едукација претставуваат инвестиција во подобра и поздрава иднина.[2]
Светскиот ден на ракот е можност да се потсетиме дека секој човечки животи е важен“ОБЕДИНЕТИ ВО УНИКАТНОСТ”. Тоа е ден за поддршка, надеж и охрабрување. Со заедничка посветеност, информираност и грижа, може е да се создаде свет во кој ракот ќе има помалку жртви, а повеќе преживеани.[1][2]
Референци
x
1. | World Health Organization (WHO). Cancer, Key facts, Overview, The problem, Causes, Risk factors, Reducing the burden, Prevention, Early detection, Treatment [Internet].; 2025 [cited 2026 Fev. 4]. Available from: https://www.who.int/news-room/fact-sheets/detail/cancer. |
2. | Union for International Cancer Control. Our story – World Cancer Day [Internet].; Geneva: UICC; 2026 [cited 2026 Feb. 4]. Available from: https://www.worldcancerday.org/about/our-story. |
3. | International Agency for Research on Cancer. Global Cancer Observatory (GCO) [Internet].; Lyon: IARC; 2026 [cited 2026 Feb. 4]. Available from: https://gco.iarc.fr/en. |
4. | Bray F, Laversanne M, Weiderpass E, Soerjomataram I. Global cancer statistics 2022: GLOBOCAN estimates of incidence and mortality worldwide for 36 cancers in 185 countries [Internet].; CA Cancer J Clin. 2024 [cited 2026 Fab. 4]. Available from: https://acsjournals.onlinelibrary.wiley.com/doi/full/10.3322/caac.21834. |
5. | World Health Organization. Preventing cancer [Internet].; 2026 [cited 2026 Feb. 4]. Available from: https://www.who.int/activities/preventing-cancer. |
6. | Union for International Cancer Control. World Cancer Day [Internet].; Geneva: UICC; 2026 [cited 2026 Feb. 4]. Available from: https://www.worldcancerday.org. |
x
