28 јули Светски ден на борба против хепатитис 2022 година

Светскиот ден на борба против хепатитисот, кој се одбележува секоја година на 28 јули, е можност да се подигне свеста за глобалната закана со вирусниот хепатитис. Погодува приближно 296 милиони луѓе на глобално ниво и е водечка причина за цироза и рак на црниот дроб. На секои 30 секунди, некој умира од вирусна болест поврзана со хепатитис.

Цел на СЗО е подигнување на свеста што ќе ги обедини организациите на пациенти, владите, медицинските работници, граѓанското општество, индустријата и пошироката јавност за да го зајакне глобалниот одговор на вирусниот хепатитис. Светскиот ден на хепатитисот претставува идеална можност  за здружување и за подигање на  профилот на вирусниот хепатитис во јавноста, светските медиуми и во глобалната здравствена агенда.
Постојат пет главни вируси на хепатитис, познати како типови А, Б, Ц, Д и Е.Овие пет типа предизвикуваат најголема загриженост поради тежината на болеста и умирања што ги предизвикуваат. Расте  потенцијалот за соочување со појава и ширење на епидемијата од  нова акутна инфекција со вирусен хепатитис, која се мисли дека не припаѓа на ниту еден од горе наведените типови на хепатитис.

Оваа година основна темата на Светскиот ден на хепатитисот е:

  • Хепатитисот не може да чека”
  • “Тестирањето не може да чека“

Потребно е да се врши тестирање во сите ризични заедници. Да се нагласи потребата од забрзување на борбата против вирусниот хепатитис и важноста од тестирање и лекување за вистинските луѓе на кои им е потребно. Преку кампања да се  засилат гласовите на луѓето погодени од вирусниот  хепатитис, со повик на итна акција и крај на стигмата и дискриминацијата.

  • Вакцините против хепатитис Б не можат да чекаат

 Со достапноста на ефективни вакцини и третмани за хепатитис Б и лек за хепатитис Ц, елиминацијата на вирусниот хепатитис е остварлива, но неопходно е поголема свест и разбирање за болеста и ризиците, како и пристапот до поевтина дијагностика и третман. Со вклучувањето на вирусниот хепатитис во Целите за одржлив развој и неодамнешното усвојување на првата глобална стратегија за хепатитис во светот, се наоѓаме  во клучен момент. Сега е потребна повеќе од кога било политичка посветеност. Без итни мерки, смртните случаи ќе продолжат да растат, а епидемијата ќе продолжи да расте.

  •  Елиминацијата на вирусниот хепатитис не може да чека

  За да постигнеме елиминација на хепатитисот, пред се Б, Ц и Д, до 2030 година, според целите на СЗО, треба да се намалат новите инфекции на хепатитис Б и Ц за 90% и да се намалат  смртните случаи од рак на црниот дроб за 50% до 2025 година. 60% од луѓето кои живеат со хепатитис Б и/или Ц треба да бидат дијагностицирани, а 80% подобни за третман, треба да се излечат  или да примаат терапија.

  • Да се доближи грижата за хепатитисот до пациентот

Вирусниот хепатитис не се наоѓа на една локација, ниту кај една група на луѓе; станува збор  за глобална епидемија која може да погоди милиони луѓе без тие да бидат свесни. Итно треба да се поедностави  превенцијата и грижата за хепатитисот и да се направи  подостапна за повеќе луѓе на кои им е потребна. Неопходно е  децентрализирање на грижата за хепатитисот во примарните здравствени установи во заедницата, места и локации надвор од болничките установи, со што се ја приближува грижата до домовите на пациентите. Интегрирање и поврзување  на грижата за хепатитисот со постоечките јавни здравствени услуги со користење на примарна здравствена заштита, како и со ХИВ, ќе бидат услуги за намалување на големите штети и компликации.

  • Активности за одбележување на 28 јули

Центарот за јавно здравје Битола и оваа година активно учествува во одбележувањето на Светскиот ден на борба против хепатитисот 2022 година, во соработка со здравствени  организации од јавното здраство како  и со организации од невладиниот сектор.
На 26.07.2022 година, во КПУ Затвор Битола, спроведена е здравствено-воспитна активност, предавање:Хепатитисот предизвик на 21 век, и направено   е тестирање  на 40 штитеници од институцијата, како ризична група, за хепатитис Б и Ц и ХИВ, од страна на активисти на НВО Хепар Центар Битола.
На 27.07.2022 год, во соработка со НВО Хепар Центар Битола, спроведено е тестирање за хепатитис Б и Ц и ХИВ  во  Центарот за зависници при ЈЗУ  Клиничка Болница Битола. На истиот ден е спроведено и тестирање на население во населба Баир -Битола, во соработка со НВО Урбан Баир Битола.
Централниот настан за  одбележување е на 28.07.2022 година на  Широк Сокак, Плоштад Магнолија – Битола, со почеток во 20.00 часот.  Целта е да се подигне свеста на населението за опасностите од хепатитисот а истовремено да се укаже на начините на заштита.
Ги повикуваме граѓаните да бидат дел од оваа манифестација.

На 29.07.2022 година, во просториите на ОО на Црвениот Крст Битола, ќе се одржи  трибина на  тема: Хепатитисот предизвик на 21 век.
Активностите  ќе продолжат и во наредниот период на целото подрачје кое го покрива Центарот за јавно здравје Битола.

ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола