Советувалиште за одвикнување од пушење
Добредојдовте во Советувалиштето за одвикнување од пушење
Од 22 јуни 2014 година, во просториите на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола работи Советувалиште за одвикнување од пушење. Пушењето е штетна навика која може да го наруши вашето здравје, но секогаш постои можност да престанете и да водите поздрав живот без цигари. Советувалиштето е тука да Ви помогне да го направите тој чекор, а услугите се целосно бесплатни.
Работно време: вторник и четврток, од 09:00 до 11:00 часот.
Контакт: 047 / 208 100 – Советувалиште за одвикнување од пушење
Локација: ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола, Партизанска ББ, Битола
Што нудиме?
– Индивидуални советувања: создавање стратегијата која најдобро одговара на вашите потреби во процесот на одвикнување од пушење;
– Групни сесии: поддршката од луѓе кои исто така сакаат да престанат со пушење;
-Психолошка поддршка: справувањето со стресот и желбата за пушење со стручна поддршка;
– Практични совети: техники за намалување на желбата за пушење, замена на навиката и превенција на рецидив.
Зошто да престанете?
-Подобро здравје: намалување на ризикот од болести на срцето, белите дробови и канцер;
– Подобар квалитет на живот: повеќе енергија, подобро дишење, подобра физичка кондиција, подобар мирис и вкус, целосно уживање во секојдневието;
– Заштеда: повеќе пари за себе и вашето семејство.
Како да започнете со процесот на одвикнување?
1. Закажете прв термин со еден од нашите советници;
2. Заедно ќе создадеме план кој ќе Ви помогне да ја постигнете вашата цел.
Не сте сами во оваа борба. Секоја промена започнува со првиот чекор. Направете го денес – за вашето здравје и за вашата иднина!
Започнете го процесот на одвикнување од пушење – вашето здравје е на прво место!
