Советувалиште за доверливо советување и тестирање за ХИВ/СИДА

Во службата за епидемиологија при Центар за јавно здравје – Битола работи Советувалиште за ХИВ/СИДА каде се врши доброволно и доверливо советување и тестирање  на сите лица кои сакаат да ја проверат  својата здравствена состојба за ХИВ/СИДА. Советувањето го изведуваат стручни лица кои даваат совети пред тестирање и после тестирање.
Интересот на лицата за доброволно и доверливо тестирање од година во година е се поголем. Причината за тестирањето е најчесто сомнителен сексуален контакт, нова врска, интравенско користење на дроги и др.
Советувањата се доверливи, анонимни и бесплатни.
 
Лицата кои сакаат анонимно да бидат тестирани можат да добијат информации на телефон 047 208 116 или во соба бр. 32 во Центар за јавно здравје – Битола.