Под мотото “Заштити, спречи, вакцинирај!” од 23-29 април, 2018 година Центарот за јавно здравје – Битола активно се вклучува во одбележувањето на Европската недела на имунизација.
Вакцинацијата е најисплатлива јавна-здравствена мерка со која се елиминирани или редуцирани многу заразни заболувања. Придобивките од вакцинирањето на глобално ниво се огромни. Како резултат на оваа превентивна мерка, се спасуваат повеќе од 2 до 3 милони животи годишно низ целиот свет. Благодарение на вакцинцијата, огромни се и финансиските заштеди во здравството, а е подобрен и квалитетот на животот на поединците.
[pullquote align=center]
Вакцинацијата е најисплатлива јавна-здравствена мерка со која се елиминирани или редуцирани многу заразни заболувања
[/pullquote]
[columns] [span4]
Во текот на престојната недела планирани се повеќе здравствено-воспитни активности како предавања во градинки, училишта, делење на пропагандни материјали и сл.
Погледнете го промотивниот Флаер за имунизација, прочитајте и приклучете се.
Централниот настан ќе се одржи во среда на 25.04.2018 година на плоштад Магнолија со почеток во 12 часот.
Целта на овој настан е да се подигне свеста на родителите за потребата да се вакцинираат нивните деца, се со цел го зачуваат нивното здравје и здравјето на населението.
[/span4][span8]
[/span8][/columns]
Центарот за јавно здравје – Битола ги повикува своите граѓани да бидат дел од оваа манифестација.