Социјална медицина

Социјалната медицина како наука ја анализира здравствената состојба на населението и ризиците кои негативно делуваат на здравјето, системот и организацијата на здравствената заштита, како и можностите  за примена на современите текови на науката во системот на здравствена заштита.

Одделението за социјална медицина, при ЦЈЗ Битола, како основни  ги  има  задачите и активностите кои се во рамките на Програмата за превентивна здравствена заштита на Р.С.Македонија.
Во Центарот  за јавно здравје Битола,Одд.за социјална медицина, функционира преку два отсеци:

ОТСЕК ЗА ЗДРАВСТВЕНА СТАТИСТИКА И ИНФОРМАТИКА ВО ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВОТО

Контролира,  обработува, анализира и следи, демографските, витално-статистичките и здравствените показатели кои се релевантни за оцена на структурата, природното движење, здравствената состојба, примарната и секундарната здравствена заштита на населението као и организацијата на здравствената заштита во општините на  подрачјето на ЦЈЗ Битола.

Ги обработува здравствено-статистички податоци од извештајните образци, предвидени со Законот за здравствена заштита на населението на Република Македонија, во кои се води евиденција  од областа на здравството во примарната, специјалистичко-кнсултативната и во секундарна здравствена заштита. Истите до сужбата се доставуваат од  опшествените и приватните здравствените организации.

Статистичките показатели  за  примарната и секундарната здравствена заштита  континуирано се прибираат и анализираат, а се однесуваат на кадровска обезбеденост и  мрежата на здравствените организации, посетите, прегледите, регистрираниот морбидитет и морталитет со посебен акцент на хроничните незаразни заболувања (малигни заболувања, кардиоваскуларни, шеќерна болест, болести на зависност и др).

Податоците кои се однесуваат  на здравствената состојба и здравствената заштита на населението во општините на подрачјето на ЦЈЗ Битола, компјутерски се внесуват и обработуваат преку соодветни софтвери и се изготвуваат  тромесечни, шестмесечни и годишни извештаи, анализи, програми и планови  предвидени во работните  задачи на социјално медицинската дејност во согласност со Програмата за превентивна ЗЗ во Р. Македонија.

Контролира,  обработува, анализира и следи, демографските, витално-статистичките и здравствените показатели кои се релевантни за оцена на структурата, природното движење, здравствената состојба, примарната и секундарната здравствена заштита на населението као и организацијата на здравствената заштита во општините на  подрачјето на ЦЈЗ Битола.

Ги обработува здравствено-статистички податоци од извештајните обрасци, предвидени со Законот за здравствена заштита на населението на Република Македонија, во кои се води евиденција  од областа на здравството во примарната, специјалистичко-кнсултативната и во секундарна здравствена заштита. Истите до сужбата се доставуваат од  опшествените и приватните здравствените организации.

По барање на општините на подрачјето на ЦЈЗ Битола,  во соработка со санитарно-хигиенската епидемиолошката служба во ЦЈЗ Битола, како и соодветните инспекциски служби, на Советот на општините  им поднесува извештаи кои се од интерес за соодветната општина и  изготвува предлог  програми  за заштита на здравјето на населението со локално значење а со цел правилно креирање на здравствената политика и одредување на здравствените ризици, нивно одстранување или спречување  на подрачјето на ЦЈЗ Битола.

ОТСЕК  ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА, ПЛАНИРАЊЕ И ПРОГРАМИРАЊЕ ВО ЗДРАВСТВЕНАТА ДЕЈНОСТ И  УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ 

“Здравјето е најважен атрибут на живеењето, услов за обавување на секојдневните активности и за општа среќа.”

Прашањето за јавното здравство е приоритет во системот на државни вредности, бидејќи тоа е силен економски потенцијал и ресурс што ви овозможува да обезбедите соодветно ниво и безбедност на животот, а со тоа и негов понатамошен развој. Јавното здравје се формира од влијанието на социјалните, однесувањето, биолошките, генетските и други фактори, од кои некои може да имаат многу сериозен ризик од заболување.

 Унапредувањето на јавното здравје  произлегува од:

– Промените во структурата на заболувањата и причините за смрт, како и неможноста на медицината во целост да ги открие причините за сето тоа и да даде одговор,

– Брзиот развој на високата технологија ,

– Енормениот  пораст на трошоците за здравствена заштита и терапија

– Големиот притисок на корисниците да земат активна улога  во: донесување на одлуки во здравствениот систем  и      регулирање правата на пациентите.

Спроведувањето  на превентивни, социјални, економски, воспитни и организациски мерки ќе се однесуваат на заедницата, околината, пооделни групите население  и секоја индивидуа посебно.

Акцент се става на програми и  проекти  за  истражување на социјално-економските аспекти и човековата околина. Тука се вбројуваат:

а. Истражувања во здравството.
б. Образование за здравје.
в. Однесувањето и јавното здравје.
г. Квалитетот  на јавното здравството.

Преку добиените податоци од  здравствено-истражувачки активности се врши мерење и проучување на здравјето на одделни  категории на население како и валуацијата на  ефикасноста и квалитетот на здравствената заштита. Се укажува  на недостатоците и се дава стручно методолошка помош на соодветните здравсвени организации.

Методи на истражување:

– Се користат различни пристапи и методи на истражување, чии резултати ќе утврдат понатамошни здравствени мерки.Статистичкиот метод е лидер во проценката на здравствениот статус на населението, заснован на известување од државата и одделенијата.

– Методот на испитување се користи во здравствените установи при утврдување на квалитетот и ефективноста на третманот.

– Демографскиот метод се користи за да се утврдат потребите на општеството за амбулантско и стационарно згрижување.

– Социолошкиот метод ги проучува условите за живот и работа на граѓаните, ги идентификува факторите на ризик.

Активностите  од областа на  јавното здравје, имаат за цел исто така, да ја подигнат  свеста за значењето на здравјето како и значењето на  превенција и рано откривање на заболувањата, а пред се на оние со социјално-медицинско значење. Тоа значи  како да се превенираат нездравите и ризичните начини на однесување и живеење?

Се превземаат и активности за промоција на здравјето и активностите  за  одбележување на  Светскиот ден на здравјето,  Светскиот ден на борба против пушењето,  малигните заболувања и заболувањата на кардио-васкуларниот систем и др.

Во промоција на здрвјето се вклучени  здравствени работници и соработници од Центарот за јавно здравје како и од другите здравствени организаци,психолози и педагози од образовни институции и одговорни лица од други опшествени организации.

По барање на општините на подрачјето на ЦЈЗ Битола,  во соработка со санитарно-хигиенската епидемиолошката служба во ЦЈЗ Битола, како и соодветните инспекциски служби, на Советот на општините  им поднесува извештаи кои се од интерес за соодветната општина и  изготвува предлог  програми  за заштита на здравјето на населението со локално значење а со цел правилно креирање на здравствената политика и одредување на здравствените ризици, нивно одстранување или спречување  на подрачјето на ЦЈЗ Битола.

Активностите  се одржуваат целата година преку предавања, трибини, изготвување на здравствено воспитен материјал, радио и ТВ емисии.