Начинот на вршење, содржината на прегледите, видовите на прегледите и роковите за на вршењето на задолжителните здравствено – хигиенски прегледи се поблиску опишани во Правилникот (Сл.весник на РМ бр.152/07), донесен согласно член 48 од Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл.в.на РМ бр.66/2004).
За кои лица се задолжителни овие прегледи?
Прегледите од овој закон се задолжителни за :
1) лицата кои спроведуваат воспитно – образовна дејност и здравствена дејност;
2) лицата кои доаѓаат во контакт со производството и промет на храна, при снабдување на населението со вода за пиење ;
3) вработени во производство, подготовка и издавање на лекови и лицата кои на друг начин во текот на работата доаѓаат во непосреден контакт ;
4) лицата кои укажуваат хигиенска нега, работат во производство на козметички средства или вршат рекреација на населението.
Што опфака санитарниот преглед?
1) Лекарски преглед ;
2) Земање материјал за бактериолошки и паразитолошки испитувања;
3) Издавање на санитарна книшка.
Каде се вршат овие прегледи?
1) Во Одделението по хигиена и здравствена екологија соба број 3,
2) Во работните простории на нарачателот (на терен)