Отсек за планирање, спроведување, следење и контрола на дезинфекција, дезинсекција и дератизација
Отсекот со својот стручен тим-епидемиолог и едуцирани техничари, како и софистицирана опрема врши планирање, спроведување, следење и контрола на дезинфекција дезинсекција и дератизација (превентивна и по епидемиолошки индикации). На барање на клиентите изготвува План и програма за вршење на ДДД активности според принципите на ISO и HACCP стандардите како и издава сертификат за извршената ДДД услуга.