СООПШТЕНИЕ

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола, Општина Новаци и Општина Кичево, за спроведување на превентивна систематска дезинсекција како општа противепидемиска мерка, ве известуваме дека екипа на Центарот за јавно здравје – Битола ќе спроведува ЛАРВИЦИДНАТА ПРЕВЕНТИВНА теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвните облици на комарците. Запрашувањето ќе се врши во предпладневните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило и тоа:

  •  на 04.07.2022 (понеделник) во ОПШТИНА БИТОЛА
  •  на 05.07.2022 (вторник) во ОПШТИНА НОВАЦИ
  •  на 11.07.2022 (понеделник) во ОПШТИНА КИЧЕВО

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојни води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците, предвидени со оперативниот план и програма на Општините.

Третирањето ќе се изведува со високо селективен биолошки инсектицид на база на BIOPREN 50 LML, наменет за уништување на ларвите на комарецот од типовите Aedes и Culex (во 2 и 3 ларвен стадиум).

Со информации за активностите од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Битола известени се и медиумите, здруженијата на пчеларите, локалната самоуправа и сите останати надлежни институции. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047 208-100 и 047 208-120.

ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола