ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ПРЕДСТОЈНАТА ПРЕВЕНТИВНА ЛАРВИЦИДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ЛАРВИТЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА БИТОЛА

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола, како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола го издава следново соопштение:

Ве известуваме дека на ден 11.08.2023 год. (петок) екипа на Центарот за јавно здравје – Битола ќе спроведува ЛАРВИЦИДНА ПРЕВЕНТИВНА теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвните облици на комарците – трета фаза. Запрашувањето ќе се врши во предпладневните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. 

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојни води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали во градското подрачје и периферијата на градот кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047 208-100 и 047 208-120.

 

                                                                                                                                                                                                       ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола