СИСТЕМАТСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА НА ГРАД БИТОЛА

Се информираат граѓаните дека во периодот од 15.04.2024 год. до 26.04.2024 год, екипи на Центарот за јавно здравје ќе спроведуваат активности на теренот, за ПРОЛЕТНА ФАЗА од превентивната систематска дератизација т.е. поставување на отровни мамци за уништување на глодари (глувци). Со дератизацијата ќе бидат опфатени:

• Подземниот канализационен систем со ревизионите и прифатните шахти во сите реони на градот;

• Прифатниот канализациски систем во околината на објекти од посебенјавен интерес: детски градинки, основни, средни и високо образовни институции, Домови за сместување и престој на ученици и студенти, Домови за сместување на стари и изнемоштени лица, Домови за деца без родители и за деца со посебни потреби, медицински установи, јавни претпријатија, банки, објекти од областа на културата, објекти на локалната самоуправа и др.

• Прифатен канализациски систем на колективните станбени објекти во горе наведените реони;

• Дератизација на јавната депонија “Мегленци”.

 Дератизацијата ќе се изведува со поставување на родентициди, парафински блокови (отровни мамци) во канализационите шахти. 

Со цел успешно спроведување на дератизација како и да се избегнат евентуалните несакани последици граѓаните треба да ги превземат следните мерки:

• граѓаните, а посебно учесниците во сообраќајот на екипите од Центарот за јавно здравје да им овозможат непречен пристап до шахтите;

• во текот на спроведување на дератизацијата да се оневозможи пристап на населението до местата каде е спроведен и означен дератизациониот процес;

• строго се забранува контакт, преместување и отстранување на родентицидните мамци;

• да се оневозможи контакт на домашните животни и миленици со родентицидните мамци;

• граѓаните ѓубрето од своите домови да не го растураат вон контејнерите.

• доколку дојдат во контакт со мртви глодари да не ги фаќаат и фрлаат, туку да се јават во отсекот за ДДД во Центарот за јавно здравје Битола.

 Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки ЦЈЗ Битола се оградува од секаква одговорност од појава на несакани последици.

Ве известуваме дека со слични соопштенија и информации се обративме и до сите засегнати институции, со цел за адекватно и благовремено информирање на граѓаните. 

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047 208-100, 047 208-120.