СВЕТСКА НЕДЕЛА НА ИМУНИЗАЦИЈА 2024

“Човечки можно: имунизација за сите” е мотото оваа година за одбележување на светската недела на имунизација.

Имунизацијата е еднo од најголемите достигнувања во историјата на медицината и претставува најбезбедна, најефикасна и економски најоправдана превентивна мерка која директно допринесува за намалување на морбидитетот и морталитетот на заразните заболувања. Благодарејќи на имунизацијата многу заразни болести кои во минатото претставувале значаен јавно-здрaвствен проблем затоа што предизвикувале висок морбидитет, односно морталитет кај децата и возрасните, или предизвикувале компликации и инвалидитет, денес се елиминирани или ставени под контрола, сведени на поединечни случаи без смртен исход и трајни последици. 

Придобивките од вакцинацијата се докажани: 

𝖉 Обезбедува здраво поколение;

𝖉 Допринесува до колективен имунитет;

𝖉 Го спречува ризикот од заболување;

𝖉 Ги намалува трошоците за боледување и лекување;

𝖉 Спречува инвалидитет и други последици;

𝖉 Ја спречува смртноста од заболувањета;

𝖉 Создава отпорност на организмот кон заболувањата;

𝖉 Спречува појава на епидемии од заразни болести.

Во последните неколку години за време на пандемијата, напредокот во делот на имунизација опадна. Како резултат на тоа, светот гледа ненадејни избувнувања на болести како дифтерија и мали сипаници кои досега беа под контрола. Иако глобалната покриеност со вакцини е добра – со 4 од 5 деца целосно вакцинирани – сеуште има што да се подобри.

Центарот за јавно здравје и оваа година се вклучува во одбележувањето на неделата на имунизација. Одржани и во тек се повеќе активности од здравствено- воспитен карактер.