ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ПРЕДСТОЈНАТА ПРЕВЕНТИВНА ЛАРВИЦИДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ЛАРВИТЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА БИТОЛA
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола, како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола го издава следново соопштение:
Ве известуваме дека на ден 09.08.2024 год. (петок) екипа на Центарот за јавно здравје – Битола ќе спроведува ЛАРВИЦИДНАТА ПРЕВЕНТИВНА теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвните облици на комарците. Запрашувањето ќе се врши во предпладневните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојни води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали во градското подрачје и периферијата на градот кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047 208-100 и 047 208-120.
ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола