СООПШТЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ВО ОПШТИНА МОГИЛА
ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола Ве информира дека:
✦во деновите 13.08.2024 (вторник) и 14.08.2024 (среда), екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведуваат ТРЕТАТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на возрасните форми на комарците.
✦Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19:00 до 02:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, возилото за дезинсекција ќе биде означено со ротационо светло.
✦Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реки, водотоци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Могила, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
✦ Со цел избегнување на несакани последици, се информираат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.
✦Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
✦За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје Битола 047 208-100, 047 208-120
ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола