Работилница на тема: Препознај ги знаците на трговија со луѓе - одржана на 19.09.2024 година во Битола
Согласно Националната годишна програма за јавно здравје на РСМ, оваа година Институтот за јавно здравје организира четири работилници за здравствени работници, со цел да се подобри препознавањето и упатувањето на жртвите од трговија со луѓе и деца.
Третата работилница се одржа на 19.09.2024 (четврток) во ЈЗУ ЦЈЗ Битола. На работилницата активно учествува:
- Ленче Марковиќ од НВО Отворена порта, со предавање на тема “Вовед во трговијата со луѓе и деца”.
- М-р Надица Тотиќ, истражувач во Институтот за јавно здравје на РСМ, со предавањето “Родова перспектива во заштитата на жртвите на трговија со луѓе”.
- Проф. д-р Елена Ќосевска, раководител во Институтот за јавно здравје на РСМ, која ја презентираше темата “Индикатори за трговија со луѓе и улога на здравствените работници”, заедно со практична вежба.
На крајот на излагањето, присутните имаа можност да погледнат документарен филм под наслов “Излез”/“Way out”, по што следеше дискусија во однос на оваа тема.
Документарен филм „Излез“/Documentary movie “Way out” (youtube.com)