ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ПРЕДСТОЈНАТА ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА НА ОПШТИНА МОГИЛА
Се информираат граѓаните на Општина Могила дека на ден 07.10.2024 год. , екипи на Центарот за јавно здравје во Битола ќе спроведуваат активности на теренот во смисол на спроведување на втора фаза од превентивната систематска дератизација т.е. поставување на отровни мамци за уништување на глодари (глувци).
Со дератизацијата ке бидат опфатени:
Дератизација на подземниот канализациски систем на Општина Могила (90 шахти).
Дератизација на прифатниот канализационен систем на инфестирани објекти од посебен јавен интерес (40 шахти):
– Воспитно образовни институции:
ЦОУ “ Гоце Делчев” – Могила
ОУ “ Б.Миладиновци” – Добрушево Могила
– Здравствени установи:
Амбуланта во с. Могила;
– Останати објекти во градот од јавен интерес:
Објект на локална самоуправа,
Полициска станица,
Објект на пошта.
Екипите и активностите на теренот ќе бидат обележани и заштитени со знаци за предупредување на ЈЗУ ЦЈЗ Битола и ЈП Нискоградба.
Со цел успешно спроведување на дератизација како и да се избегнат евентуалните несакани последици граѓаните треба да ги превземат следните мерки:
• граѓаните, а посебно учесниците во сообраќајот на екипите од Центарот за јавно здравје да им овозможат непречен пристап до шахтите;
• во текот на спроведување на дератизацијата да се оневозможи пристап на населението до местата каде е спроведен и означен дератизациониот процес;
• строго се забранува контакт, преместување и отстранување на родентицидните мамци;
• да се оневозможи контакт на домашните животни и миленици со родентицидните мамци;
• граѓаните ѓубрето од своите домови да не го растураат вон контејнерите;
• доколку дојдат во контакт со мртви глодари да не ги фаќаат и фрлаат, туку да се јават во отсекот за ДДД во Центарот за јавно здравје Битола.
Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки Центар за јавно здравје Битола се оградува од секаква одговорност од појава на несакани последици.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047 208-100, 047 208-120.
ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола