„Имунизацијата за сите е човечки возможна“
Светска недела на имунизација 2025
Мото: „ Имунизацијата за сите е човечки возможна “
Секоја година, последната недела од април се одбележува како Светска недела на имунизација, во организација на Светската здравствена организација (СЗО) при што Центрот за јавно здравје Битола зема активно учество. Во 2025 година, оваа недела се одбележува од 24 до 30 април, под мотото:
„ Имунизацијата за сите е човечки возможна “
Оваа иницијатива има за цел да ја нагласи важноста на вакцините како еден од најмоќните и најефикасните начини за заштита на човечкото здравје.
Зошто е важна вакцинацијата?
Вакцинацијата:
Спаcува милиони животи секоја година.
Ги штити децата, возрасните и постарите лица од опасни заразни болести.
Помага во искоренување и контрола на болести како полио, сипаници, дифтерија, тетанус и многу други.
Го намалува товарот врз здравствените системи.
Безбедни, достапни и ефикасни вакцини постојат за повеќе од 20 болести – благодарение на науката и медицината, секој човек има шанса за здрав живот.
Кратка историја и клучни факти
Првата вакцина била развиена во 1796 година од страна на Едвард Џенер, за заштита од сипаници.
Вакцинацијата доведе до целосно искоренување на големата сипаница (вариола вера) во 1980 година.
Во светот, над 4 милиони животи се спасуваат секоја година благодарение на редовната имунизација.
Денес се работи на развој на вакцини против нови закани како Ковид-19, маларија и други заразни болести.
Повик за акција
Светската недела на имунизација е потсетник дека сите имаме улога:
Родителите да ги вакцинираат своите деца навреме.
Здравствените работници да информираат и поддржуваат.
Институциите да инвестираат во достапност и образование.
Имунизацијата е „во рацете на човекот“– заштита која ја нудиме на идните генерации. Време е да му покажеме на светот дека имунизацијата за сите е човечко можна.
Центарот за јавно здравје Битола со своите активности, преку здравствено-воспитни активности во Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар зеде активно учетво во одбележувањето на оваа светска недела на имунизација.
