СВЕТСКА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕ, 1-7АВГУСТ
ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО ДОЕЊЕТО, ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО ИДНИНАТА
Светската недела на доење се одбележува секоја година во првата недела од август, поддржана од СЗО, УНИЦЕФ, Министерството за здравство, како и од партнери од граѓанскиот сектор ширум светот. Време е да се препознае доењето како моќна основа за животни придобивки, развој и еднаквост.
Со кампањата на светско ниво се опфаќаат сите мајки и нивните различности во текот на мајчинството и доењето, прикажувајќи ги начините на кои семејствата, општествата, заедниците и здравствените работници можат да ги заштитат мајките доилки.
Во 2023 година, глобалната стапка на ексклузивно доење до шестиот месец изнесуваше 48%, што еблиску до целта на Светското здравствено собрание од 50% до 2025 година. За да се обезбеди позитивен напредок и да се постигне новата цел за 2030 година — 70% ексклузивно доење до шестиот месец — клучно е активно учество на сите чинители што го сочинуваат „топлиот синџир“ на поддршка. Поддршката на доењето за поздрава планета бара создавање одржлива средина во која доењето претставува приоритет. Кога доењето е заштитено, промовирано и поддржано, се создава стабилна и одржлива околина што придонесува за ублажување на непосредните последици од климатските промени.Заштитата, промоцијата и поддршката на доењето се клучни чекори во надминување на нееднаквостите што го попречуваат одржливиот развој. (1)
Состојбата во регионот на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, прикажана во Графикон 1 покажува дека највисок процент на доени деца до тримесечна возраст има во општина Ресен. Од друга страна, најголем процент на доени деца до шестмесечна возраст е евидентиран во општина Кичево. (2)
Апел до сегашните и идни мајки:
Доењето е најприродниот и највредниот почеток што можете да му го дадете на вашето дете. Мајчиното млеко не само што ги обезбедува сите потребни хранливи материи, туку и го зајакнува имунитетот, ја гради емоционалната врска меѓу мајката и бебето и носи долгорочни здравствени придобивки. Апелираме до сите сегашни и идни мајки: дојте ги вашите деца колку што е можно подолго. Со тоа вложувате во нивното здравје, развој и иднина. Мајчиното млеко значи грижа, љубов и заштита. Вашата поддршка, истрајност и посветеност се од непроценливо значење – и за вашето дете и за целото општество.
Референци
1. | World |
2. | ЈЗУ Центар |
