Општи и посебни препораки за граѓаните за време на топлотен бран
Општи препораки за сите граѓани:
⦁ Останете во затворен простор
⦁ Престојувајте во климатизирани или проветрени простории, особено за време на најтоплиот дел од денот (11:00 – 17:00 часот).
⦁ Избегнувајте директно сонце
⦁ Не излегувајте без потреба, особено старите лица, децата и хронично болните.
⦁ Пијте доволно течности
⦁ Најмалку 1.5 – 2 литри вода дневно, дури и кога не чувствувате жед.
⦁ Избегнувајте алкохол, кофеин и засладени пијалаци.
⦁ Носете соодветна облека
⦁ Светла, лесна, широка и памучна облека; носете капа и очила за сонце при излегување.
⦁ Јадете лесна храна
⦁ Препорачлива е свежа, незачинета и лесна храна, богата со овошје и зеленчук.
⦁ Одржувајте хигиена и свежина
⦁ Почесто туширање со млака вода или мокри пешкири за ладење на телото.
Посебни препораки за ризични групи:
За стари лица и хронично болни:
⦁ Редовно проверувајте ги постарите лица ,особено ако живеат сами.
⦁ Земете ги редовно пропишаните лекови и следете ги упатствата од вашиот лекар.
⦁ Избегнувајте физички напор и останете во сенка или климатизирана просторија.
⦁ Следете ги сопствените симптоми – секоја вртоглавица, малаксаност или главоболка може да биде знак на топлотен удар.
За родители и деца:
⦁ Никогаш не оставајте деца во затворено возило, дури ни за кратко.
⦁ Обезбедете редовен внес на течности и лесна облека.
⦁ Ограничете играње и физичка активност на отворено во најтоплите часови.
Осигурете се дека има сенка, капа, заштита од сонце и доволно вода.
За работници на отворено:
⦁ Организирајте ја работата во утринските и доцните попладневни часови. Избегнувајте напорни активности на пладне.
⦁ Носете заштитна, но лесна облека, капа и користете крем со заштитен фактор.
⦁ Правете редовни паузи во сенка или во разладен простор и пијте вода на секои 20–30 минути.
Што да не се прави:
⦁ Не оставајте деца, стари лица или животни во затворено возило, дури и кога е “само за момент”.
⦁ Не се изложувајте на физички напор во најжешкиот дел од денот.
⦁ Не јадете тешка, мрсна и зачинета храна – тоа може да го зголеми телесното загревање.
