Соопштение за спроведување на адултицидна дезинсекција
ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола ги известува граѓаните дека во наредниот период ќе се спроведува ТРЕТАТА ФАЗА од адултицидната (теристичка – од земја) дезинсекција со цел намалување на бројноста на возрасните форми на комарци и заштита на јавното здравје.
Дезинсекцијата ќе се спроведува во следните термини:
- Општина Могила – 21.08 до 22.08.2025 година
- Општина Битола – 25.08 до 29.08.2025 година
Запрашувањето ќе се врши во период од 19:00 до 04:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Возилото за
дезинсекција ќе биде означено со ротационо светло.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени: зелените површини,подрачјата по течението на реки и водотоци, каналниот систем, локалитетите со
застојни водени површини, урбаните населби и другите локалитети предвидени во планот и програмата.
Препораки до населението:
Да се избегнува непотребно движење на отворено за време на прскањето.
Лицата со алергии и респираторни заболувања да останат во затворени простории.
Да се затворат прозорците и вратите за време на третманот.
Пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.
Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд), дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања, граѓаните можат да се обрататна телефонските броеви на Центарот за јавно здравје – Битола: 047 208-100, 047 208-120.
