ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВТОРАТА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНАТА СИСТЕМАТСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ВО ОПШТИНА НОВАЦИ
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола ја известува јавноста дека на 16 и 17 јули 2026 година, во периодот од 19:00 до 02:00 часот, ќе се спроведе втората фаза од превентивната систематска дезинсекција за уништување на возрасните форми на комарци на подрачјето на Општина Новаци.
Дезинсекцијата ќе се изведува) со УЛВ ладно запрашување, со употреба на препаратот AQUA K-OTHRINE (активна супстанца делтаметрин). Ќе бидат опфатени зелените површини, подрачјата покрај реката Црна, каналската мрежа, локалитетите со застојни води, урбаните населби и други локации предвидени во Планот и Програмата.
Во случај на неповолни временски услови (дожд или силен ветер), активностите ќе бидат одложени за првиот следен поволен ден.
За дополнителни информации граѓаните можат да се обратат во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола на телефон: 047/208-100 и 047/208-120.
