СООПШТЕНИЕ  дезинсекција во Општина Кичево

 

 

Ве известуваме дека на 30.07.2026 година (четврток) екипа на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола ќе спроведе превентивна ларвицидна терестрична (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвените облици на комарците во ОПШТИНА КИЧЕВО.

Третирањето ќе се врши во претпладневните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојни води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали во градското подрачје и на периферијата на градот, кои се мапирани како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците, согласно оперативниот план и програмата доставени до Општина Кичево.

За спроведувањето на активностите од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола се известени сите надлежни институции.

Доколку се појават неповолни временски услови (ветер или дожд), дезинсекцијата ќе биде одложена и ќе се спроведе во првиот нареден ден со поволни временски услови.

За дополнителни информации и прашања, граѓаните можат да се обратат на телефонските броеви 047 208-100 и 047 208-120.

Со почит,

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола