Почитувани во просториите на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола работи Советувалиште за одвикнување од пушење.
Советувалиштето е тука да Ви помогне да го направите тој чекор, а услугите се целосно бесплатни.
Работно време: вторник и четврток, од 09:00 до 11:00 часот.
Контакт: 072 / 208 – 727 и 047 / 208 100 – Советувалиште за одвикнување од пушење
Локација: ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола, Партизанска ББ, Битола
Што нудиме?
– Индивидуални советувања: создавање стратегијата која најдобро одговара на вашите потреби во процесот на одвикнување од пушење;
– Групни сесии: поддршката од луѓе кои исто така сакаат да престанат со пушење;
– Психолошка поддршка: справувањето со стресот и желбата за пушење со стручна поддршка;
– Практични совети: техники за намалување на желбата за пушење, замена на навиката и превенција на рецидив.
Започнете го процесот на одвикнување од пушење – вашето здравје е на прво место!
