ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТА

Бесплатно мерење на шеќерот во крвта (гликемија) по повод Светскиот ден на дијабетесот

По повод одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот  (14 Ноември), ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола со поддршка на Општина Битола, во соработка со Ротари клуб Битола и ОО Црвениот крст Битола организира јавна здравствено-превентивна активност, со цел подигнување на свеста за дијабетесот, важноста на неговото навремено откривање, редовната контрола и превенцијата.

Настанот ќе се одржи на 12 ноември 2026 година (четврток), од 10:00 до 12:00 часот, на плоштадот Магнолија во Битола.

Во рамки на активноста, сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност за бесплатно мерење на нивото на шеќер во крвта (гликемија), како и добивање информации за значењето на превенцијата и грижата за сопственото здравје.

Ги повикуваме граѓаните да ја искористат оваа можност, да направат проверка на своето здравје и да дадат личен придонес во подигнувањето на свеста за дијабетесот.

Навременото откривање и редовната контрола се важен чекор кон спречување на компликациите и зачувување на здравјето.

Ве очекуваме!

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола