I интернационален конгрес на превентивна медицина и јавно здравје

Тим од ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола активно учествуваше на Првиот интернационален конгрес на превентивна медицина и јавно здравје кој се одржа во Струга, 31.10-02.11.2024 година. На конгресот беа презентирани теми и новитети  од страна на меѓународни и национални експерти. Главните теми на конгресот опфаќаа содржини од областите:

·         Пристап ЕДНО ЗДРАВЈЕ;

·         Хронични незаразни болести- предизвик на современото живеење;

·         Климатски промени и здравје;

·         Заразни заболувања и имунизација;

 Преку своите презентации, тимот од ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола зеде активно учество на овој интернационален конгрес со презентирање на истражувања од областите на епидемиологија, микробиологија, хигиена и здравствена екологија и социјална медицина.