I интернационален конгрес на превентивна медицина и јавно здравје
Тим од ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола активно учествуваше на Првиот интернационален конгрес на превентивна медицина и јавно здравје кој се одржа во Струга, 31.10-02.11.2024 година. На конгресот беа презентирани теми и новитети од страна на меѓународни и национални експерти. Главните теми на конгресот опфаќаа содржини од областите:
· Пристап ЕДНО ЗДРАВЈЕ;
· Хронични незаразни болести- предизвик на современото живеење;
· Климатски промени и здравје;
· Заразни заболувања и имунизација;
Преку своите презентации, тимот од ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола зеде активно учество на овој интернационален конгрес со презентирање на истражувања од областите на епидемиологија, микробиологија, хигиена и здравствена екологија и социјална медицина.